Фан клуб - РК Вардар

Факт, требаше да преземе одговорност! Но, не може да се каже дека и Ќосевски нема вина. Огромен агол имаше, кај сакаше и на каков начин сакаше да шутира можеше и го одбра најлошиот како и секогаш. Еднаш нема дадено гол кога било важно.

Он еднаш нема дадено гол, на страна ова ,,кога е важно”. :)
Автоматски споено мислење:

Кога пак ќе зборат за домашни играчи експертите, нека го погледнат видеово со шутот на Ќосе и јасно ќе биде се зошто домашните играчи не може да играат на вакво ниво… Срце лешник… 10 сезони е во прв тим, 1% прогрес нема во кариерата.

Постојано и го зборуваме тоа, премногу се креваат во облаци голем број и од младиве македонски ракометари, а реалноста е сосема поинаква за жал.
 
Еднаш мислам коментиравме тука, правилото за домашни ракометари во првенство, колку што е добро, толку е и лошо, зошто домашните играчи влегуваат во комфор зона кај што знаат дека платичка ќе тече, ќе игра со послабите екипи ќе дава голови и без многу замарање ќе си ја истурка кариерата колку толку… Ќосе е таков пример, со какви се играчишта делеше соблекувална, со какви играчишта ја делеше позицијата и ништо не научи и не напредуваше низ годините…
 
Пораз си е пораз, но овој е можеби и добредојден, чисто за да ги држи будни некои играчи.
Ни следуваат тешки натпревари и може да излезе одлично денешниов резултат.
Вардар - Кристианштад 18.11
Сесвете - Вардар 25.11
Охрид - Вардар 29/30.11
Вардар - Тулуз 02.12

И Кристианштад не се за потценување, ќе ни биде потешко дома.
 
Последно уредено:
Пораз си е пораз, но овој е можеби и добредојден, чисто за да ги држи будни некои играчи.
Ни следуваат тешки натпревари и може да излезе одлично денешниов резултат.
Вардар - Кристианштад 18.11
Вардар - Пелистер 22/23.11
Сесвете - Вардар 25.11
Охрид - Вардар 29/30.11
Вардар - Тулуз 02.12

И Кристианштад не се за потценување, ќе ни биде потешко дома.
Оваа со Пелистер 2 е не е со прв тим
 
Еднаш мислам коментиравме тука, правилото за домашни ракометари во првенство, колку што е добро, толку е и лошо, зошто домашните играчи влегуваат во комфор зона кај што знаат дека платичка ќе тече, ќе игра со послабите екипи ќе дава голови и без многу замарање ќе си ја истурка кариерата колку толку… Ќосе е таков пример, со какви се играчишта делеше соблекувална, со какви играчишта ја делеше позицијата и ништо не научи и не напредуваше низ годините…
Тука има вина и клубот зашто и тие влегле во комфорт зона со него, добар за трета замена и за мк лига, не бара пари многу... Наместо да се обидат да најдат или направат добро крило или било која друга позиција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom