Borko, Stole, Talesen itn.Не зборуваме за Куни Моралес ,Хосни или некој друг туку за капитен на репрезентација.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Borko, Stole, Talesen itn.Не зборуваме за Куни Моралес ,Хосни или некој друг туку за капитен на репрезентација.
Овој проблем го имав и од претходно, пред да се случи надоградувањето. Не ја гледам во темата Ракомет, и не ја гледам во моите надгледувани теми. Кога ќе се пријавам со друг профил го немам овој проблем.
Бина кладовте во 2025, кога не тепавте прво во Битола, па ве решивме во Скопје на 7-ми ЈуниСо Кирчолоидите кикснавме преклани.
Бина ставаа во 2022, кога не тепаа прво во Скопје, па Боре со апостолките ги реши во Битола на 1 мај![]()

Вардар и Металург во најдобрите години таков курч не манифестирале кога уште пред да почнеше сезоната се знаеше кој ќе биде шампион, они сега доаѓаат и се смеат. Ама ако, све се враќа све се плаќа

razlikata negu nas i niv e sto nemaat srce. klasicni pickici sto nekoj drug treba da im odraboti

Идеална кореографија ќе беше ова за последната утакмица што ќе се игра во Скопје,ама веќе Делије ја имаат направено.Вчера во сала сите вакви беа на крај
Прегледај го приврзокот 449661

Да, Со се јајцаСо се јајца![]()

Не за 30 него за 50% сме појаки од лани, на среден сме појаки на голман појаки на десен бек појаки … на лев бек каде лани бевме најдобри се појачавме дополнително со Талески, дури и на пикер сме појаки,сеа останува да видиме како Чупич ќе го води овој ростер и како ќе функционира.Ај малку да ја живнеме темава.
После поразот од Пелистер, за нов тренер го поставивме Иван Чупиќ.
Како и сите секако дека и јас сакам што повеќе легенди од шампионската генерација да бидат пак дел од екипата, само според мене ова е и малку чудна одлука, го очекував Чупко можеби во некоја подалечна иднина дека пак ќе се врати во Вардар, вака не знам што да кажам, досега работел само неколку месеци во Метковиќ и немам некоја јасна слика за него како тренер.
Додека беше играч, посебно последните години често на тајмаути земаше збор, делуваше како добро тактички поткован и спремен за тренер, ќе видиме сега како ќе се покаже.
Мое мислење е дека Столе требаше да добие шанса, јас сум убеден дека со неговата харизма, авторитет и знаење ќе биде одличен тренер.
Од страна на Михајло беше потврден и ростерот за наредната сезона, кој брои 23 ИГРАЧИ.
За споредба актуелниот европскиот шампион Магдебург има состав од 18 играчи, шампионот на Бундеслигата Фуксе Берлин има состав од 17 играчи.
Магдебург и Фуксе оваа сезона одиграа 34 натпревари во домашно првенство, 20 натпревари во Лига на шампиони, плус куп и суперкуп на Германија, значи 50+ натпревари во сезона со 17-18 играчи.
Ние да собереме цела сезона ќе имаме максимум 15-20 натпревари што ќе ги играме со полна сила(прашање дали и толку), тие во домашно првенство кај што се шетаме до победа не ги бројам.
И претходните сезони сме пишувале дека ростерот е пренатрупан ама оваа сезона со оглед на амбициите и можностите на клубот мислам дека претеравме.
Составот за наредна сезона:
Голмани: Милош Валах, Мигел Еспиња, Васил Гогов, Марко Богдановски
Леви крила: Мамаду Кеита, Марио Стојановски
Леви бекови: Вуко Борозан, Филип Талески, Дмитро Хориха, Томче Стојановски
Средни бекови: Јака Малус, Марио Танкоски, Николас Боно, Харуки Кавада
Десни бекови: Урош Митровиќ, Марек Марчињак, Кристијан Стаменковиќ
Десни крила: Мигел Пинто, Гоце Георгиевски, Ален Ќосевски
Кружни напаѓачи: Милан Лазаревски, Виктор Јанковски, Кристијан Атанасовски
Не би се залетувал со изјави како Бутинот минатата сезона дека имаме за 30% подобар ростер.
Како вистински засилувања ги сметам Малус и голманот Валах, останатите се повеќе нови играчи отколку некои засилувања.
Мислам дека и овој Митровиќ ќе експлодира кај нас, го гледав сега на младинското првенство против Швајцарија и сосема добро играше, има предиспозиции да стане одличен десен бек, нешто налик на Борозан само од другата страна, игра во два правци, висок, цврст, добро движење и топ во раката, треба само уште малку да се изделка и ќе кине мрежи.
Останатите се главно непознати играчи за нас и тешко е да се процени каков квалитет имааат, овие Марчињак и Јанковски веројатно ни ги ували менаџерот нивни во пакет со голманот, прашање е колку ќе се покажат.
Двајцата досега немаат играно надвор од Полска, имаат по некој настап за репрезентација, овој десниот бек има солидна статистика и по видеата што ги гледав има одреден квалитет, пикерот е поголема енигма, висок, млад, со никаква статистика, повеќе време од кариерата уствари бил дефанзивец.
Боно беше договерен од страна на Милано, сепак прифати да биде дел од екипата.
Јапонецот незнам од кај го ископавме, на Азиското младинско бил прогласен за МВП, го најавуваат демек новиот Косуке, ај баш да видиме.
Талески си го враќаме назад, трансфер што баш ми е драго што се оствари, се надевам и на него ќе му дојде памет и нема да мрда веќе од Вардар, тука му е најдобро.
Со дел од играчите требаше да раскртиме, посебно со голманите после таква партија против Пелистер, цела сезона бранат топло - ладно, кога беше најбитно потфрлија.
Еспиња нема константност, такви голмани најмногу ме нервираат, една утакмица ќе одбрани 10-15 топки, наредните две ќе го нема нигде.
Гогов веќе 5-6 сезони е во Вардар, наполни 25 години, нема што веќе да го чекаме и да го чуваме како трет голман.
Богдановски не знам ни зошто воопшто беше потпишан, прашање е овој дали и го плаќаме воопшто.
Танкоски исто немаше потреба да се задржи, посебно кога потпишавме нови три средни бекови.
Со Ќосевски и Стаменковиќ треба клубот да одлучи што понатаму, ако планираат да им дадат шанса нека останат, ако не подобро е и за нив и за нас да си бараат нов клуб кај што ќе имаат минутажа.
Можеби вака кога пишувам делувам песимистичен или премногу критички настроен, сепак не ми е воопшто намерата да хејтам и да ширам некоја негатива, беш напротив сум задоволен од работата на управата, посебно во односот со публика и навивачи, за разлика од Фк Вардар тука се функционира на многу повисоко и професионално ниво.
Кога некој максимално се труди и го почитува тоа што некој одвоил свое слободно време, платил карта и дошол во сала да те поддржи, тој секогаш ќе ја има мојата поддршка.
И за крај да кажам, наредна сезона типувам дека ќе поминеме групна фаза во Евопската лига и на пролет титулата ќе се врати во Скопје.
Статистиката на сајтот на полската Суперлига вели дека во минатава сезона постигнал 74 голови со речиси 75% успешност, меѓутоа никако не успевам да најдам колку мечеви има изиграно. Како и да е и за него и за Марчинијак ова ќе биде прво интернационално искуство и мислам дека можеме да ги ставивме во категоријата „мачка во вреќа“.Пикерот е поголема енигма, висок, млад, со никаква статистика, повеќе време од кариерата уствари бил дефанзивец.
Не знам дали сум во право но мислам дека не би требало да ни се падне бундеслигашки клуб во групната фаза или Алкалоид доколку го елиминира Хановер поради правилото два клуба од иста земја во групна фаза.![]()
Вардар во втор шешир, „сино-белите“ од Автокоманда во трет шешир ако го минат Хановер - 24 РАКОМЕТ
Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката за групната фаза во новата сезона во Лигата на Европа. 20 Екипи добија директно место во групите, додека останатите 12 ќе бидат дефинирани по квалификациското коло. Меѓу оние што имаа директно место е македонскиот вицепрвак Вардар...24rakomet.mk