Фино беше вчера, и посетеноста на натпреварот, а и самиот натпревар. Глатка победа, без некое посебно замарање.
Вака-така, голманите собраа 18 одбрани (Милиќ 10 и Даскаловски 8). Штета што не стигнал сертификатот за Малумбрес, па да го видевме и него, да видиме дали ќе може да го рачунаме за засилување.
Ко што пиша некој погоре, на крило нема зима. Прво полувреме Раковиќ и Марковиќ ги убија. Јас на вакви утакмици дури би играл и со Јовчевски и Недановски. Второ полувреме влегоа првотимските крила. Дибиров немаше свој ден, ама затоа Брумен пројде ко брз воз. Бај д веј, оној цепелинот Карачиќ-Дибиров, не само што беше фаул, туку требаше да има и исклучување.
Во бековската линија дефинитивно се издвои Алекс Душебаев. Какви продори имаше дечкото, ми се чини дека ракометариве на Партизан во неколку наврати останаа со изместена кичма.
Од друга страна, пикерите сите три пикери дадоа само два гола. Веројатно треба повеќе да се тренира ослободувањето простор на линијата, бидејќи брзината на вкрстувања кои ги прават бековите би требало да даде таква можност без проблем.
На крајот, ме радува што и покрај големиот број на ѕвезди што пристигнаа во тимот летово, ми се чини дека е останата добрата другарска атмосфера од лани. Супер беше да се види како сите заедно гушнати навиваа со Комити по завршувањето на утакмицата.
И мислам дека нема потреба да се коментира дека со ваква игра ќе бидеме прегазени од Барса. Реално, да се добие Барса би било огромно чудо, ама од друга страна, нашиве на утакмицата со Партизан и пристапија како на нешто потежок тренинг. Нема место за споредба помеѓу овие два натпревари.