Фан клуб - РК Вардар

Чисто информативно за сите што коментираа дека било срамота што сме изгубиле од Данкерк и дека тимот бил гола вода:

Актуелниот шампион на Франција за сезоната 2013/14 има буџет од 13,58 милиони евра и бројката е за 47 проценти поголема во однос на претходната година.

Скоро двојно помал буџет во првенството има Монпеље, кој за оваа сезона предвидел сума од 6,6 милиони евра или за 11 проценти помалку во однос на минатата сезона.

Трет е тимот на Данкерк со 4,6 милиони додека на четвртото место е Шамбери со 4,158 милиони евра.
 
Пеце Дибиров мислам дека 10 гола даде со Металург, ги отвори поштено. :)

Можи и 10 да беа заборајв, важно ги отвори како конзерви :D
Сам му играше, најголемо засилување и најголема ѕвезда во тимот ! Ќе ги полни противниците....
 
Дибиров изиграваше циркузант а Дујшебаев ги откина!:cuc:Какви финти,продори.:drk:
 
Не ми се свиѓа тоа што Столе, на 2 утакмици по ред, добива слаба минутажа. Белким во ЛШ, ќе игра повеќе, во спротивно ќе треба ушите да му ги тегнеме на Кастратовиќ.
 
Многу ми е интересно кога игра Вардар како темава е празна а повеќето се да гледаат а не да изиграваат виртуелни фанови :D

Да почнеме,

Кале збира 2,500 илјади. Трибината од кај комити беше целосно исполнета со тоа што и позади голот и на ќошот уште луѓе стоеа, другата трибина 90% исполнета освен делот кај што џандарите од нејасни причини како да го затворија... Се на се да не речам дека целосно али околу 2,300-400 луѓе беа присутни на небитен СЕХА натпревар со слаб противник. Тоа е нешто што потврдува многу работи за фан базата на Вардар во Скопје во споредба со еден друг клуб кој таа бројка на ваков натпревар никогаш нема ни да биде блиску да ја постигне.

Второ што би коментирал е бројот на полиција кој што беше застрашувачки, како да се игра Ѕвезда - Динамо Загреб. Зошто толку полиција незнам...

За мечот.

Генерално млада екипа на Партизан, од нивната школа што неможеше да се спротистави многу иако изненадувачки во второ полувреме се разиграа.

Скоро цело прво полувреме се играше со „втора“ постава. Марковиќ и Раковиќ во главно по крилата, Прибак, Тоскиќ и едино Растворцев. Исто така незнам зашто Малумбрес не беше во тимот.

Милиќ фати неколку али нивниве шутеви не делуваа застрашувачки.

Второ полувреме влегоа сите се разиграа. Дибиров некако не му се погоди денот и после првиот промашен зицер како да го фати некоја нервоза, али боље нека има слаба утакмица со Партизан него ли со Барса :cool: каква само брзина има кога влага од крило. Карачиќ одличен со неколку гола и од место, фаќа форма човекот. Столе влезе али во главно после го играа Чипурин, така да сите три пикери ги изротира. Иначе немаше некоја посебна игра за пикер на што мислам дека покрај вакви пикери би требало и на тоа да поработат.

Душебаев... незнам што да кажам за човекот. Еден форумџија претходно кажа, за такви како Душебаев вреди да се гледа ракомет. Страшен играч! Неколку асистенции за Брумен и Карачиќ и неколку феноменални пробиви и гол со скок шут од зона.

Примаме ефтини голови зашто и одбраната сеуште не игра на ниво. Исто и Малумбрес треба да го видиме, незнам зашто го крие како нусе овој Кастратовиќ. Освен он мислам и Терзиќ не го видов.

Има простор да се подобри одбрана и голманот останува слаба точка, додека нападот е страшен.
 
Душебаев се плаши да скокне и да шутне и како за бек е низок, но кога го даде голот од 9 метри имаше добар скок. Пробивите му се добри, само еднаш по еден пробив го промаши голот, но се на се добар.

Играа сите пикери, но многу малку игра има за нив како што кажавте погоре, едноставно мора да се искористат вакви играчи кои ги имаме на пикер. Дибиров се зезаше, два пати промаши на ист начин, во фаца му ги фрли топките :D за после третиот пат да си реализира ладнокрвно.

Какви крила имаме :cuc: Не може да имаме лош ден на крило, едноставно сите знаат да дадат гол од секоја позиција, Брумен и од бек даде.

Како и да е, Партизан е слаб противник, само се загреваа, Вардар реално секој противник треба да го гази поради тоа што едноставно нема втора екипа.

Филип Лазаров еднаш остана во одбрана ко изгубен марсовец изгледаше :pos:
 
Овој тим да го имаше Вујо сега ќе бев оптимиста и за Лига на шампиони титула иако е комплетно нереална.Али овака формула е дадена во раце на камионџија.

На тројца одлични пикери една акција нема спремена за истите,бековите дури и кога се отворени не им ја спуштаат туку ја префрлаат на крила.Стоилов и Чипурин неколку пати сами седат на линија никој околу нив и никој не им дава топка.

Одбраната е комплетно неорганизирана,која е поентата да играш 6-0 кога на секој 3 секунди некој играч истрчува негде.
 
Абе тоа дека Вардар имал празна сала во СЕХА, додека нивната секој меч била полна...
Полна е со децата од младите школи и со постојаните носења на деца од домовите без родители :)

Денеска преполна салава. Според мене сигурно околу 2 000 гледачи имаше. Што ти значи мало рекламирање на утакмиците ццц
Не знам зошто ама мислам дека ќе треба време да се воигра овој состав. Најголема болка во минатото ни беше што правевме хокоеарски измени на поставите. Една сезона една постава, друга сезона друга итн...
Лани освоивме пошто веќе се знаеа играчите, две сезони играа заедно. Добро е што дел од тимот веќе трета сезона е заедно, а лошото е што скоро цела прва постава ни е нова.
Душебаев има и јазична бариера, гледам дека Доне сам работи со него (веројатно на Англиски му преведува). А и вака, не го дружат другиве :D
Мило ми е што се разигра на крајот. Некако многу исплашено делуваше претходно. Немаше муда да шутне, стоеше многу далеку и само додаваше. Доста брз играч. со брзи движења, нормално е што сите очекуваме многу од него. Петриќ стар лисец, скока високо, не шутира туку продолжува и дава гол :)
Лазаров пикна три гола во второ полувреме, овој пат Брумен ги искористи сите пенали а и даде гол од бек (и со Металург шутна две од бековска). Дибиров се усра два пати, третиот пат не греши.
И вторите крила ни се убиствени. Марковиќ и Раковиќ растурија во првиот дел.
Плус Марковиќ ни е крадец број еден во тимот :D
Прибак некако не ми е во форма. Пак неколку пати ја додаде во празно. Карачиќ пикна некој гол во негов стил, ама ме изнервира дека пак пробува со шут под рацете нивни да даде гол, а втор меч по ред гледа дека не му оди :D
Дури и другарка ми примети дека голманите ни се дрва :pos:
Мада фатија некоја топка, не беше толку трагично како со Металург.
Одбраната одново слабо, пак ќе кажам само Абутовиќ игра одбрана, грубо и машки :D
Пикерите се солидни, ама слабо ги разигруваат. Проблемот со Столе е што многу време му треба да се врати во одбрана и не се вклопува во тактиките за брз раомет...

По мечот имаше јака баклијада, салата грмеше :)
1240154_638938892817725_1771410749_n.jpg
73242_638939209484360_61001476_n.jpg

Со Барса не знам што ќе биде, каква еуфорија ги има фатено сите :D

Атман беше на другата трибина, дојде и он да осети малце атмосфера :)
 
^Џабе замаглувате ликови, џандарите што убаво ве снимаа, со зум онака, мерачки :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom