Фан клуб - РК Вардар

На таа утакмица, сијалиците пукаа од вецеата, не се споредува :D

Кажете ми, ќе има организирано навивање за финалево?
Па нормално дека ќе има организирано, утакмциата е од 19 часот во Недела.
 
NAK_6570_copy.jpg



Една слика 1 000 зборови :)

Фала ви момци, сите навивачи можат само да посакаат играчи како вас :cuc:
 
Станиќ наркоманот о-оооооо :D екстра утакмица инфаркт ке добиев на крај ама се помина во најдобар ред , судиите гнаси живи цело верме за Металург судеа али ок да не судеа така ке требаше да ги тепаме 6+ разлика вака 1 разлик да ги боли засекогаш :) Малиќ голманот ги уништи платенициве у секој поглед секоја чест од секогаш сум плукал по него од сега збор лош за него нема да кажам :)
 
„Разочаран сум од Червар. Ако јас бев во улога на поразен сигурно ќе дојдев на прес-конференција, но најверојатно различно размислуваме со тренерот на Металург. Горди сме на победата над големиот ривал. Двата тима одиграа квалитетен меч. Ние го контролиравме резултатот во поголемиот дел од натпреварот, но самите си ја искомпликувавме ситуацијата со неколку наивни грешки. Сепак, најважно од се е што победивме. Не сум изненаден што противникот делуваше некако неангажирано. На Металург му посакувам многу среќа на следниот дуел со Кјелце, пласман на фајналфор во ЛШ, со што и овој наш триумф уште повеќе би добил на тежина. Но, не ми е јасно само кога сите големи европски екипи играат среда сабота и го издржуваат тој ритам, единствено Червар бара одмор за своите играчи од по еден месец, но тоа е нивна работа“, изјави Вујовиќ по полуфиналната борба.

Прав џентлмен :)
Тие одложувања од по месец дена, само новопечените ракометни експерти може да ги сфатат, никој друг.

mkd-44857.jpg
 
Дај нека му дадат нов дрес на Прибак брз ракав игра 3-4 утакмици уназад :D

PewDiePie Што ќе ни е Кире кога и Фичо си игра курташак со вас :D вака така цепелини секоја утакмица си пукаат :D
 
Нема што да додам, се е напишано во вашите претходни постови. Многу сум среќен. Иако, отсекогаш повеќе сум го следел фудбалскиот колектив, оваа екипа која ја имаме во моментов во РК Вардар ми е прирасната при срце. И со многу поголем кеиф ги следам натпреварите во Кале, отколку распад-системот на Џиџи.
Момциве се ко една голема фамилија, погледнете ги сликите, погледнете со каква страст играа денеска, видете само како се радуваат на оваа победа. Имаше еден коментар погоре, играа како сите да се деца на Вардар. И точен е.
Денеска, немавме слаба точка, Лино со сите сили го чуваше Прибак. Да, успеа во тоа, ама затоа ги бушевме од сите други позиции. Крилата ми се чини не промашија, пикерите исто така фантастични. Бековска линија гази. И да, уште одамна го дрвам, ама Игор Карачиќ е ИГРАЧИШТЕ!!!! Мислам дека треба да биде приоритет да го задржиме во црвено-црниот дрес.
Единствено ни фали, психолог кој ќе работи со екипата. Падот на концентрација е единствената слабост на екипата. Ама сигурен сум дека ќе го обезбедиме и тоа за догодина. За во Лига на шампиони. ;)
 
Дај нека му дадат нов дрес на Прибак брз ракав игра 3-4 утакмици уназад :D

PewDiePie Што ќе ни е Кире кога и Фичо си игра курташак со вас :D вака така цепелини секоја утакмица си пукаат :D

Лелеее и јас се чудам со дресов што е финтава.Со Металург кога игравме ми се чини не му беше скинат.После тоа имаше 2 гостински натпревари и тука негде му ебал матер.После тоа игравме со Загреб и приметив дека му е скинат и од тогаш 7 кола поминаа еве и полуфинале дојде и уште не му го смениле :icon_mrgr:
 
Инфаркт човече.... Можам да замислам што ќе биде на Кале ако ги добиеме во првенството. Михајло нова сала ќе треба да гради :pos:
Секоја чест за дечките како играат од срце, сите до еден. Ланската сезона на почетокот многу ги пљував дури и мислев дека ова се најслабите играчи Вардар што ги имал у последниве години и баш ми е мило што ме демантираат.
Најверојатно ќе го пропуштам финалето, али мислам доволно ми беше и утакмицава бар за сега :pos:

И да, сите напатени душички што јадеа гомна на форумов можат комотно да ми го испушат заедно со нивниот "за 2 класи подобар тим" ;)
 
Колку саати поминаа од мечот нема ни трага ни глас, од фановиве на Металург.
НИЕДНА ЧЕСТИТКА, НИЕДЕН ПОСТ, а видете ја и нивната страна на ФБ = ШТАМА :нинџ:

Ќе биде интересно во недела. Џабе е денес победата ако не дојдеме до титулата.
Горе-доле познати ни се квалитетите на Загреб. На последнава утакмица во Кале видовме дека сме подобри од нив, и со помош на публика би требало да победиме.
 
Што ќе ни е честитка од нив? Макнете ги таму, нека патат гнидите...

П.С. каков викенд има пред нас, а ако се познава денот по утрото, па па па, биче жустро :D
 
Џабе не им поклонивме КРСТ :pos:
--- надополнето: 13 април 2013 во 10:42 ---
Џабе не им поклонивме КРСТ :pos:
 
Јас веќе ви честитав на заслужената победа ама ајде и овде....се виде на почеток оти влеговте помотивирани во мечот и мислам оти спориот старт го уништи Металург, кој патем беше очаен, без никаква идеа во напад се одеше на индивидуални квалитети, а во одбрана се гледа колку фали Веле Марковски....како што кажа еден член погоре од крило и пикер мислам оти само еднаш промашивте и тоа во второ полувреме, и стварно крајно незаслужено ќе беше Металург да не изгуби вчера....не е никакво оправдување штедењето, повредени играчи, Лино е крив што во текот на цела сезона не му дава минутажа на Левов, Мандич,Батинович, Додер (овај како играше за вас лани) во напад и кога дојде кризата со повреди нормално е оти овие играчи неможат да го дадат максимумот....спортски поздрав и се најдобро
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom