Не беше работата да има публика зошто немаше да биде формалност утакмицата, сите беа свесни дека 10+ ќе биде како од шала... Муабетот е дека тотално го промашија терминот, не смееа да си дозволат ваков термин во работен ден во 17ч, зошто така испаѓаш неспособен пред навивачите што сакаа да дојдат да прослават заслужена титула (се виде и од посетеноста вчера, поише публика имало со Прилеп и Радовиш коа сме играле). Има луѓе што во клубот се платени за тој дел околу маркетингот и слично, ете на пример Ана Стојков, ако типката мисли дека зима плата само за да урами дресови на крај на сезона и додели благодарница ондах го промашила клубот.. Ако не може да си ја заврши работата за што е платена, тогаш нека дојде некој друг на нејзино место, што ќе знае како се работи тој дел... Како и да е, по изјавите на играчите вчера, сите се доста задоволни од тоа во која насока иде клубот и од засилувањата што доаѓаат, тоа е добро, можда можевме да го задржиме Диало, да се потрудеа поише нашиве, ама тоа е тоа, идеме даље.