Фан клуб - РК Вардар

Многу е лимитиран составот на Вардар..
Добро е ова реми, на сила, бидејќи екипата тотално падна во последните минути, ги уби Недановски истите играчи 60минути.
И да фалеше вакво дерби, со гостински навивачи со све.
 
Многу наивно од страна на Столе, исклучувањето што го доби за фаулот врз Велковски можеше да не кошта многу повеќе.
 
Ухххх, ама слатко испадна на крај. Да пукнат од мука.
 
Супер е што се извадивме на крај. Имаше и грешки кај нас, не велам не, но Недановски душата им ја извади, можеби поради неискуство...не знам.
Можевме и до победа секако, ок е и вака.
И тие 2 поништени гола не чинеа многу...
 
Многу е лимитиран составот на Вардар..
Добро е ова реми, на сила, бидејќи екипата тотално падна во последните минути, ги уби Недановски истите играчи 60минути.
И да фалеше вакво дерби, со гостински навивачи со све.
Доста коректно го водеше Бутинот натпреваров, едноставно немаме клупа (која е составена од македонски играчи ради правилото за странци, тука Пелситер има многу повеќе избор на пример) со која шо можи да ротираме на еден ваков натпревар, се виде одма со влегувањето на Мишевски во почетокот на второто полувреме за 2 минути Пелистер ја стопи разликата на -2, доста послободен беше нападот денес едноставно уживаа додека играа и не беа во грч како претходните натпревари.
 
Збеснав у пм, секоја чест за ремито и борбеноста до крај иако мораше да ја приведеме порано кон победа утакмицата, нека биде ова пресвртница на сезоната и нека тргне формата сега во нагорна линија, ама мора зимава да се донесе некое засилување, среден бек е задолжително. Штама во Битола, Дибиров легендо :cuc:

П.С. Конечно се врати дербито, онака како што доликува, ама не можам да останам должен, а да не спомнам, јас стварно не знам ниту една друга држава каде е прифатливо од организациски план гостински навивачи да добијат дозвола за влез на сред утакмица и да не им се дозволи да ја изгледаат до крај. Брука, неспособност, ко да сме 80-ти години, смешки е ова и мора да се промени
 
Јака утакмица,одамна вака не сум грицкал нокти,мислам уште од Финал 4 кога станавме шампиони.

Инаку сакам да ја видам фацата на девојчето што цел натпревар врескаше и се слушаше на преносот,онака тажна како го гледа Тимур со прстот на уста после натпревар кога ја заќуте цела сала.:D
 
Последно уредено:
Супер е што се извадивме на крај. Имаше и грешки кај нас, не велам не, но Недановски душата им ја извади, можеби поради неискуство...не знам.
Можевме и до победа секако, ок е и вака.
И тие 2 поништени гола не чинеа многу...
Ама на крајот и 10 разлика да тепавме, пак само еден бод предност ќе имавме во плејофот.
 
Пууу бе требаше да го добиеме овој натревар стварно заслуживме. Каква игра 50 минути, и на крај се виде пад пред се заради ужасната ротација која ја имаме. Плус правилото за странци тотално не уништува, каде буквално не сме истата екипа. И покрај се ептен машка игра од нашите пред се психички јак настап на момците. Посебно ми се допадна на овој натптевар тоа што немавме премногу технички грешки, што генерално игравме доста паметно и во напад и во одбрана. Као што спомнав на крајот паднавме физички пред се поради ужасната ротација,нешто што они го искористија на индивидуални акции и со мала помош на Начевски и Николов ( а месец дена кењаа на форумов дека за нас ќе судат). Треба да се пофали Бутинот, новиот Парондо хахах. Овој ако продужи вака добија договор од Михајло. Убаво враќање на колосек, стварно сум позитивно изненаден, иако сметам дека оваа моравме да ја добиеме. Нема везе, сеа пак се зависи од нас, само јако до крај, Не смееме веќе да си дозволуваме онакви пацерски натпревари као против нивната втора екипа, мора да се гази се до крај. И да не заборавам, Гаџа мајсторе!. Овој само као да се пали на Стерјофарм. Камо да ги игра сите натпревари бар на 70% од тоа што одигра денес. Секоја чест на сите денес, од Борко (иако можеше да фати нешо и задњи 6-7 мин) до Тале, Тото.
 
Бутин повторно од клупа до голем резултат :D ... има среќна ѕвезда дечкото.

Тимур на крај golden shower им напраи.

Со 7 играчи неможеа да не добијат, тоа е големината на Вардар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom