Фан клуб - РК Вардар

Не е прашањето кој ќе дојде, туку кој ќе остане. Ако Атман си оди, само он, Пелко, Каралаш, Горпишин и Скубе мислам дека имаат договори по оваа сезона. Другиве сите сигурно веќе си бараат или си нашле клубови.

Чисто се сомневам дека се исплатиле долговите од лани на играчите.
Толедо е на 2 год.

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 
Кањелас така си отиде. Му се дужеа пари, се жалеше дека се му викаат за некој месец, за некој месец, али на крај ништо. Побара да му го раскинат договорот и го пуштија. Иако имаше уште една година договор.
 
Бразилецот Толедо сепак ќе му биде на располагање на Алушовски, иако не е подготвен да одигра цел натпревар од Лигата на шампиони.

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 
Бразилецот Толедо сепак ќе му биде на располагање на Алушовски, иако не е подготвен да одигра цел натпревар од Лигата на шампиони.

Новиот вардаров стратег, Стевче Алушовски нема да може да смета на услугите на Даниел Шишкарев, кој иако е во тренажен процес нема да може да игра, додека во составот се враќа Хозе де Толедо.
“Шишкарев дефинитивно не патува со нас. Има воспаление на третото уво и тоа му прави проблеми и одлучив да остане во Скопје. Хозе де Толедо ќе биде во составот, но ќе видиме колку ќе може да игра. Може да помогне за позициони напади, но не може да трча… Како и целата сезона, така и сега имаме проблеми со повредени играчи и куси сме во ротацијата, но ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме”, вели за СПОРТМЕДИА, тренерот Алушовски
 
Копирав од 24ракомет. Немаше повеќе детали

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 
Како што дознава 24Ракомет, Спартак Москва веќе има доставено богата понуда до Атман. Плејмејкерот има уште една година договор со Вардар, но и покрај тоа може без поголеми проблеми да се пресели во руската престолнина.

За рускиот претставник во СЕХА лигата, парите не се проблем, па во текот на вчерашниот ден ги откупија договорите на двајца играчи на Мотор Запорожје, Денер Јанима и Станислав Жуков.

Сигурно е дека од Вардар заминуваат Шишкарев и Кристопанс во Веспрем, односно ПСЖ, а како ќе се развива ситуацијата со другите ракометари, останува да видиме во следниот период.
 
Не е директно поврзано со клубот од спортски аспект ама Самсоненко купил нови акции од Жито Полог што може да е сигнал дека сепак останува тука.
 
А што бидна со тој бизнисменот (мислам дека газдата на Шахтјор) од Украина што сакаше да ги купи РК и ФК?

Сеуште патува, ја бара Македонија, не знаел дека сега е Северна, али се очeкува негово доаѓање во Скопје, кај и да е.
Големи шанси има да го превземе Вардар.
 

„Финансиските проблеми кои почнаа минатата сезона, продолжија и во оваа. Долгот е огромен. Вардар должи речиси на сите ракометари, некому повеќе, некому помалку. Проблемите се решаваат, но бавно. Сѐ во клубот се движи многу бавно“, изјави Криштопанс.
 
Нека пукне еднаш бомбата и нека кажат кој е главниот виновник, а не Самсоненко, кој да не беше тој, немаше да биде ни овакпв Вардар.
 
Нека пукне еднаш бомбата и нека кажат кој е главниот виновник, а не Самсоненко, кој да не беше тој, немаше да биде ни овакпв Вардар.

жал ми е за тебе ако не си сфатил до сега


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom