- Член од
- 4 март 2017
- Мислења
- 2.342
- Поени од реакции
- 6.971
Не очекував ваква катастрофа, недопустлив е толкав пад во игра па ако сакале играле и против вонземјани!
- Не може во ситуација кога имаш достижно водство од 2-3 гола да се форсираат шутеви од неизградени позиции, пасови кон играчи кои е видливо дека се мали шансите да ја примат топката и слично. При резултат 17-15 на старт на второ полувреме, Борозан шутира од место од 10 метри кон гол, Мелер му ја фаќа жива, ни даваат гол и одат на три разлика. Во следниот напад на само неколку секунди од стартот на истиот, пробува да му додаде топка на Столе обиколен од три играчи, не ја фаќа, Барса се одлепува на +4. Следните два напади Столе се изборува за топка и во двете ситуации шутира во висина на тело кон Мелер, Барса оди на +6. Голмани обожаваат такви шутеви, особено голмани со конституција како Мелер, Штербик итн. кои кога ќе застанат пред гол, не можеш да го видиш истиот. Истата глупост ја направи и Тимур.
- Кисељев МОРА да добива поголема минутажа. Видливо е дека дечкото има потенцијал за многу повеќе. Потребен ни е играч од таков профил, кој бара дуел игра, кој ќе може да пробие, кој се разликува драстично од Криштопанс. Криштопанс против вакви одбрани треба да е на клупа, освен во ситуации кога има време да се направи измена па да си застане на 3-ка.
- Не ја разбирам одлуката на Парондо константно да игра Столе во напад. Калараш е играч од преку 2 метри, Столе е понизок за 10-тина сантима, евидентни беа проблемите негови да се справи со Фабрегас и Сантос на линија како и да се префрли топка до него. Навистина не го разбирам тој потег, истото беше и на мечот тука и денеска.
- Како и на мечот во Скопје исто и денеска, премногу непотреба нервоза. Од една грешка во друга, точно е дека многу од играчите се помлади и посикусни од претходните сезони, но сепак е потребно малце повеќе внимание и помалку паника.
- За крај, фали играч кој ќе успее да потегне во моменти кога на останатиот дел од тимот не му оди. Во минатото тоа беше Алекс, Циндриќ па и Штербик. Милосављев беше одличен денеска, но очигледно е дека не е само он доволен.
- Се надевам дека ќе успееме да ги добиеме мечевите против Мешков и Келце, иако сум свесен дека ќе биде ужасно тешко за тоа да се случи.
PS. Со што заслужи Палмарсон да земе играч на мечот не ми е јасно?

Последно уредено: