Фан клуб - РК Вардар

Не очекував ваква катастрофа, недопустлив е толкав пад во игра па ако сакале играле и против вонземјани!

- Не може во ситуација кога имаш достижно водство од 2-3 гола да се форсираат шутеви од неизградени позиции, пасови кон играчи кои е видливо дека се мали шансите да ја примат топката и слично. При резултат 17-15 на старт на второ полувреме, Борозан шутира од место од 10 метри кон гол, Мелер му ја фаќа жива, ни даваат гол и одат на три разлика. Во следниот напад на само неколку секунди од стартот на истиот, пробува да му додаде топка на Столе обиколен од три играчи, не ја фаќа, Барса се одлепува на +4. Следните два напади Столе се изборува за топка и во двете ситуации шутира во висина на тело кон Мелер, Барса оди на +6. Голмани обожаваат такви шутеви, особено голмани со конституција како Мелер, Штербик итн. кои кога ќе застанат пред гол, не можеш да го видиш истиот. Истата глупост ја направи и Тимур.
- Кисељев МОРА да добива поголема минутажа. Видливо е дека дечкото има потенцијал за многу повеќе. Потребен ни е играч од таков профил, кој бара дуел игра, кој ќе може да пробие, кој се разликува драстично од Криштопанс. Криштопанс против вакви одбрани треба да е на клупа, освен во ситуации кога има време да се направи измена па да си застане на 3-ка.
- Не ја разбирам одлуката на Парондо константно да игра Столе во напад. Калараш е играч од преку 2 метри, Столе е понизок за 10-тина сантима, евидентни беа проблемите негови да се справи со Фабрегас и Сантос на линија како и да се префрли топка до него. Навистина не го разбирам тој потег, истото беше и на мечот тука и денеска.
- Како и на мечот во Скопје исто и денеска, премногу непотреба нервоза. Од една грешка во друга, точно е дека многу од играчите се помлади и посикусни од претходните сезони, но сепак е потребно малце повеќе внимание и помалку паника.
- За крај, фали играч кој ќе успее да потегне во моменти кога на останатиот дел од тимот не му оди. Во минатото тоа беше Алекс, Циндриќ па и Штербик. Милосављев беше одличен денеска, но очигледно е дека не е само он доволен.
- Се надевам дека ќе успееме да ги добиеме мечевите против Мешков и Келце, иако сум свесен дека ќе биде ужасно тешко за тоа да се случи.

PS. Со што заслужи Палмарсон да земе играч на мечот не ми е јасно?
 
Последно уредено:
Незнам каков состав треба да се направи да падне Барселона во Блауграна,ама ние имаме сериозни проблеми ако сакаме на финал4,реално на десен бек сме тапа Криштопанс веќе го увидовме сите нема мозок за да игра во моменти кога се крши натпреварот,а Киселев е уште подалеку неискусен,покрај тоа и на пикер сега само Столе го имаме кој само што се врати од повреда,дури и Борозан влече повреда цела сезона,кога ќе се додаде тука и премала ротација,пола тим за прв пат игра заедно, може да кажеме дека до сега сезонава ја тераме одлично.
Ќе биде тешко да бидеме меѓу првите 3 тима во група,ама не и невозможно ќе се види тоа на 1 декември после Киелце,би требало
да ги тепаме најверојатно без Јурецки и Циндрич ќе бидат.
Тоа е тоа идеме даље и мора малце да поработат да нема вакви падови и технички грешки.
 
Во право беше и коментаторот на арена. Едноставно нашиве играчи се послаби атлети од овие на Барса. Поспори се, поспоро реагираат, немаат таква динамика.

Јас не успеав да ги гледам првите 15 мин. Од тоа што гледав следните 45 мин, разочаран сум од играта. Барса настрана, ние слабо играме и не е дека они толку ни дозволуваат, немаме идеа, некако брзо се деморализираме, бавно се враќавме. Факт е дека се подобри и дека Мелер не утепа, но сепак, не може вакви падови да си дозволиме. Досега стално ги фалевме дека не се откажуваат дека тоа психичко ниво го одржуваат две ипол години, на секогаш борбени, секогаш мотивирани, за овие два натпревари тотално психички да потфрлиме.

Оваа сезона, досега Дибиров и Чупиќ играат на високо ниво. Тука може да го пишеме и Милосављев како горе-доле, добар. За овие тројца немам некоја замерка. Другиве, варираат од натпревар во натпревар.

Кристопанс, што да се каже. Ова не е играч за големи натпревари и против големи екипи. Јас го бранев порано, но, и јас изгубив трпение. Не може да рипаш на шут и да му ја додаваш на 9м на Чупиќ. Толку многу несигурност, двоумење не може да има во играч на ова ниво. Киселев делува како добар шутер и како играч кој може да направи некој соло продор, но едноставно нема физички таленти да рипа и да куца голови од 9м, плус слабо раководи со топка, секогаш греши при додавања, не можам ни да запаметам дали некогаш асистирал. Мора да се бара решение за следната сезона за оваа позиција. Сега за сега, стварно ја не можам да се решам кој од овие двајца треба да стартува. Македа добро ќе ни дојдеше.

Борозан, ужас овие два натпревари. Доколку стварно игра без тренинг, очекувам веднаш по Киелце да го пратат на операција. Но, што му е проблемот на Вуко да распалува во ситуации од никаде, не знам. Секој натпревар мора да упротпасти по 2 напади со некои крајно нелогични шутеви од многу далеку. Дисингер не беше лош, ми даде малку надеж дека може да сметаме на него во иднина.

Столе, нека иде на некоја диета. Остај тоа што е вон форма и слабо игра откако се врати од повредата, човеков мора да ослабе, многу споро се враќа, дури комично е на моменти кога трча. Умре тоа време кога сите пикери беа буциња. Сега мнозинство се двометраши, што се фит. Без Мораеш, климава е позицијата моментално. Еден играч не е во форма, друг е горе-доле офанзивно неспособен.

Караџиќ и Скубе, некако како да паднаа. Караџиќ не е лош играч, но делува како да има ограничен арсенал на потези и доколку го затвориш да не може да го прави тоа што може, нема решение човекот. Скубе, го реши Барса овие два натпревари.

Не знам, јас малку се деморализирав од играва овие два натпревари. Не ми е криво што изгубивме, туку како да изгубивме. Делувавме психолошки поразени. Следниве два натпревари се клучни и мора две победи. Нема да биде лесно, но мора да ги изгураме.

Доколку клубот продолжува на ова ниво и во следните години, мора да пробаме да се тргнеме од балкански, руски играчи и да побараме некои добри атлети. Не знам дали ни треба некој како тоа руското говедо Санталов. Да се види некој скаутинг во Јужна Америка, Африка, дали има некое талентирано црнче што може да скока и шутира од таму. Некој брз, креативен играч. Факт е дека да си екипа од врвот ти треба некој супер индивидуалец што може сам да игра. Киелце ни ги зема двата такви играчи што ги имавме, кои реално малку од небо ни паднаа и ни се погодија ептен.
 
PS. Со што заслужи Палмарсон да земе играч на мечот не ми е јасно?

Можеби затоа што по мене го постигна најубавиот гол, и ги имаше најдобрите две асистенции на натпреварот. Играчина!!
Ако гледаш чисто статистика, требаше тоа крилото данско да земе можеби, али оние неколку потези на Палмарсон беа чиста уметност...
 
Фатив вирус на телефонот. Фала многу.[DOUBLEPOST=1542554414][/DOUBLEPOST]Абе каде е Оцвирк неколку утакмици го нема???
Едно три пати пишав во темава дека тоа е сомнителен сајт.

А Оцвирк е во Скопје. Пожем се средила ситуацијата, ама ја сум скептик дека ќе има среќен крај тоа.
 
Nekoj da dade asalen stream? Da ti ebam sfe u picka MRTV!!!!
абе едно 200 пати пишавме, ехф.тв, инсталирај хола во браусер, иди на ехв.тв, стави алжир некоја земја и гледај слободно.

Денес нешто не ми го даваше натпреварот на списокот на ехф.тв, па и ја изгубив некое време дека ми се појави.
 
https://www.ehftv.com/int/livestream/hc-meshkov-brest-hc-vardar/1306845
Абе луѓе секоја утакмица истото,нели научивте кај има пренос,секоја утакмица овде ја има на Ехф само треба да се инсталира хола,ставаш таму некоја земја кај што не постои ракомет и готово.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom