Фан клуб - РК Вардар

Столе ја еба работата за предоследниот гол кога Дисингер доби две минути. Фатил менува сред акција. Дуарте го искористи тој момент и постигна лесен гол.
Тешко да ги тепаме, но барем засега пружаме подобар отпор отколку во Скопје.
 
И пак играме без десен бек :(. Денес му иде на Милосављев, за разлика од Де Варгас. Мораше да ја искористиме оваа прилично мутава игра на Барса и бар да имаме минимално водство на полувреме. Најважно ќе биде да не дозволиме да ни се одлепат, и може да се надеваме на поволен резултат. Ама реално ќе биде пеколно тешко за такво нешто.
 
Бива ли онаа волетина црногорска толку да е малоумна бре!? Бркајте резултат сеа, од -1 за нецели 5 минути -5!
 
Разлика во класи, тоа е...
Реално, нема што да бараме против нив. До крај треба да се потрудиме да завршиме барем трети.
Мора да се насочат да ги добијат Киелце и Веспрем дома и Мешков на гости.
 
Не е работата дали да се замери дека се псж и барса над другите, ама не е дозволиво оваков пад во играта во второ полувреме. Никаква одбрана не играат, едноставно се чека да се заврши утакмицата.

На цела несреќа и Мелер се разбрани..
 
Не е работата дали да се замери дека се псж и барса над другите, ама не е дозволиво оваков пад во играта во второ полувреме. Никаква одбрана не играат, едноставно се чека да се заврши утакмицата.

На цела несреќа и Мелер се разбрани..
Барселона го одигра второво полувреме на такво ниво што не може да се носи никој, сега може да викаме слаба одбрана, слаб напад, ама реалноста е дека е разлика во квалитет.
 
Ја изгубивме утакмицата во 3 минути.. Мада, иако во прво добро се држевме и имавме резултат, како да имав некое чувство и страв дека ваква серија може да се деси, страшна одбрана изиграа Барса и денес и во Скопје, колку само контри ни направија после одземени топки. До крај на годинава остануваат Мешков во гости и Киелце дома, два исклучително важни и можеби клучни натпревари во борба за горните позиции, со две победи може да бркаме 3-то место што би било одличен пласман со оглед на групата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom