Фан клуб - РК Вардар

Со вујко ми баш коментиравме за ова. Сите играат со срце, Македа дава гол земал урла, се мава у гради, вика Vamos/Ајмо или како и да му дојде, после тоа влага Лазаров, играме со играч више, два пати промашува ЦЕЛ ГОЛ, го даваат у кадар он напраил фаца ко да седи у кладилница и да пие кафе со некој рандом пензионер, апсолутно КУР ГО БОЛИ. Да ти ебам тоа слабокрвниот играч.

Друга работа, ја глеав и емисијата пред мечот, Алекс и Раул изјави на македонски јазик, значи кој професионализам човече, дошле од Шпанија у некоја си вукојебина наречена Македонија, научија јазик, скроз се посветија на својата работа... Даваат тајм аут на Сегед, тоа копилето урла на шпански, друг преведува на Маџарски, трет пљампа на англиски, не се знае кој пие кој плаќа. Ептен поштувам вакви ликови ко Раул, Алекс, Дибиров и остала багра, секогаш со срце играат и даваат 110% од своите можности.

П.с. Циндриќ сакам да го снема од тимот, 1000 изгубени топки имаше, пак по старо, едноставно не е калибар за Вардар и тоа е тоа.
П.п.с. Мислам дека е добра одлука тоа што ќе го дадат Горбок на крајот на сезоната, реално ограничен играч е, има само топовски шут и ништо друго, нит е пробивен нит може да направи некоја разлика на терен. Деревен секако е подобра опција од него, само ваљда нема пак да има малер со некоја гадна повреда ко оваа.
Извини ти вака,господине Стефан,дали имаш поим во мојот живот колку пцовки имам потрошено на тоа стапот Филип?
Толку да си ГЛУП еј, ТОЛКУ да си глуп е стварно невозможно.
Абе 2 пати имаме играч повеќе 2 пати промашува гол еј,добро кое ниво на ретардираност треба да го стасам за таков да сум ?
Ја сериозно не сфаќам како не му е срам дома да си отиде кај жена му еј.
Па мене озбилно,вака ќе ми е срам од фамилијата бе.
Ќе треба да си земам стан под кирија ,сам да живеам дур да се пензионирам.

За Македа нема потреба од зборење,играчиште,со тројца во гол ќе влезе .

П.С

Во 1/4 финале дефинитивно ќе го лапаме Веспрем?
 
Во 1/4 финале дефинитивно ќе го лапаме Веспрем?

Не, победникот од нашиот дуел (во случај да сме трети во групава) иде во ждреб во кој како противник ќе добие еден од победниците од дуелите:
Втор од А-Екипа од лузерски групи
Втор од Б-Екипа од лузерски групи
 
Не, победникот од нашиот дуел (во случај да сме трети во групава) иде во ждреб во кој како противник ќе добие еден од победниците од дуелите:
Втор од А-Екипа од лузерски групи
Втор од Б-Екипа од лузерски групи
На Википедија стои дека M4 (Висла-B3) игра со М1 (К1-А2). Значи, освен ако Логроњо или Мотор не го треснат Веспрем, нема шанси да ги одбегнеме. :)
 
Трето место значи 1/4 финале со Веспрем, четврто место значи 1/4 финале со ПСЖ. Лошо е што плус реваншот се игра на гости.. Ах тие киксови, второто место беше дофатливо сезонава, да немавме толку глупости и да игравме подобро на гости. Претешка задача ќе биде во 1/4 финале, ама се со ред, прво да дојдеме до таму
 
Вчера прочитав добар коменар на фб, Филип влегувал кога имаме играч повеќе за да ги изедначиме силите со противникот :icon_lol:

Со Фичо се изедначуваат силите на теренот, а кога ќе влезат непостоечките пикери Стојанче и Мијајло наместо со еден повеќе на терен ние играме со двајца помалку. Додека во Вардар има вакви повраќаници од играчи заедно со Старлетата на клупа не очекувајте нешто позначајно од овој клуб кој што се повеќе и повеќе го губи срцето кое што го красеше ракометниот клуб Вардар.
 
На Википедија стои дека M4 (Висла-B3) игра со М1 (К1-А2). Значи, освен ако Логроњо или Мотор не го треснат Веспрем, нема шанси да ги одбегнеме. :)
Могуче, мада пред сезоната друго пишуваше, читав што сум напишал во темата за ЛШ во октормви, а тогаш само препишав од википедија :D
 
Штета што се оди на ПСЖ или Веспрем во 1/4, веројатно 2та најсилни тима во моментот, заедно со Барселона, но што е, тука е. Ако сакаш да бидеш најдобар, мораш нив да ги победиш :D
 
Ако веќе се мора, дај нека ни падне Псж.Нема тоа е од две зла бираш помало ако може така да се каже.Бар овие ко играат дома, ко у театар се, го нема оној притисок ко кај Веспрем.Е сеа јбг, го имаат коцкарот, али тоа е,еден од нив мора
 
Доколку се средат Комити до тогаш и се вратиме со стандардна бројка како прошли години во Скопје ги добиваме и ПСЖ и Веспрем:D
 
Доколку се средат Комити до тогаш и се вратиме со стандардна бројка како прошли години во Скопје ги добиваме и ПСЖ и Веспрем:D

Не мора во стандард бројка да се враќате. За во сала доволни се 100 Комити и еден тапан за добра атмосфера да се направи.
Гледам имате објави на фб страната за ФК, но не и за РК. (n)
 
Во Скопје може да ги тепаме и Веспрем и ПСЖ, проблемот е што реваншот е на гости.. Најверојатно со Веспрем ќе играме, Рајн-Некар треба да ги тепа Барса на гости за да налетаме на ПСЖ во 1/4 финале. Многу полесно ќе беше со некој од Кил/Фленсбург да требаше да играме, ама тоа е..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom