Фан клуб - РК Вардар

02.06.2013 датум кој вечно ќе го памтам. Освојувал Вардар титули, редел успеси, но тој датум секогаш ќе остане посебен. Во еден ден да прославиш две титули, особено ракометната титула мислам била и ќе остане за мене секогаш најслатка победа и освоена титула.
http://www.youtube.com/watch?v=VxbGTFZWREg Кој бил на ова место лани знае за што зборувам, тоа чувство лани никогаш не се заборава.
У пичку матер се ежам коа и да го глеам ова. Памтам дека бев скроз доле во прв ред и веќе кај 59 минута неколку души со една нога на ограда бевме спремни за во терен да славиме, таа 1 минута мислам траеше повеќе од цел натпревар. Никогаш не се заборава моментот кога се даде решавачкиот гол за 2 или 3 разлика мислам во последни 20 секунди и кога се беше јасно.

Само што заврши натпреварот памтам огромна гужва имаше во терен и у цел хаос се вртам да видам што има на трибина дали сите се на терен тоа и трибината полна и теренот. Убави спомени од овој датум поготово од Кале. Атмосферата тука не ја заменува ни цел Борис да е фул. Башка видеото со Столе, легендарно...
 
На многу шпански страни и портали е пренесена веста дека деновиве најверојатно Штербик ќе потпишел за Вардар.
Се спомнува и 1 мил. за раскин за договорот. Ако стварно платиле 1 мил. за трансфер, се гледа дека има добар буџет и дека сигурно ќе атакува на ф4 идната сезона
 
02.06.2013 датум кој вечно ќе го памтам. Освојувал Вардар титули, редел успеси, но тој датум секогаш ќе остане посебен. Во еден ден да прославиш две титули, особено ракометната титула мислам била и ќе остане за мене секогаш најслатка победа и освоена титула.
http://www.youtube.com/watch?v=VxbGTFZWREg Кој бил на ова место лани знае за што зборувам, тоа чувство лани никогаш не се заборава.
Ракометната титула ја најавивме уште на стадион кога го трчавме последниот круг :D

Стварно страшно добар ден беше. Фудбалериве од ФК беа ненормално мотивирани и ги прегазија Турновци, и покрај сите притисоци што им беа наметнати. Исто и ракометарите беа спобудалени.
Кога ќе ми текне каква жештина беше во сала, маицата ми беше буквално како да сум бил под туш :)
Само замерка за неорганизираното славје што требаше да се деси вечерта после фантастичниот ден. Да се собереа фудбалериве, ракометариве и ние и на Школка на пример, ко што беше славјето за титулата на ФК пред две години кога дојдоа и ракометарите пред утакмицата со Металург за титула, Столе кога го најави дербито :icon_lol:
 
На многу шпански страни и портали е пренесена веста дека деновиве најверојатно Штербик ќе потпишел за Вардар.
Се спомнува и 1 мил. за раскин за договорот. Ако стварно платиле 1 мил. за трансфер, се гледа дека има добар буџет и дека сигурно ќе атакува на ф4 идната сезона
Не ми е јасно како за Станиќ да неможе да се одвои сто илјади а за Штербик да се одвојува 1 милион? Врвна класа се и двајцата голмани али оваа сезона Станиќ бранеше подобро. За тие пари може и Ландин да се донесе и плус уште неколку врвни бекови а и кусур да остане :confused:
 
Како тоа Станич подобар од Штербик?:eek: Значи се изнатресе денеска еден куп глупости :tapp:
 
Како тоа Станич подобар од Штербик?:eek: Значи се изнатресе денеска еден куп глупости :tapp:
Не реков дека Станиќ е подобар голман од Штербик туку дека е во подобра форма и ако си гледал последниве две сезони кој како бранел ќе сфатеше дека ти си тој што треска глупости али добро :tapp:
Најглуп потег на Самс беше што не им го зема на Металург минатата година кога овој сакаше да си иде. Сега Вардар ќе беше шампион на Македонија а ништо чудно и во фајнлфорот да играше. Штербик ќе го зимал за милион евра, везе нема информацијата.
 
Последно уредено:
Не ми е јасно како за Станиќ да неможе да се одвои сто илјади а за Штербик да се одвојува 1 милион? Врвна класа се и двајцата голмани али оваа сезона Станиќ бранеше подобро. За тие пари може и Ландин да се донесе и плус уште неколку врвни бекови а и кусур да остане :confused:

Според мислењето на скоро сите светски ракометни експерти, Штербик е број 1 ракометен голман во светот. Како втор тука некаде е Ландин и после трет е Станиќ.

Не е точно дека Штербик брани послабо последниве две сезони, кога имаше еден куп блескави партии меѓу која и таа кога ги уништија данците во финалето на светско.

Информациите велат дека Барса ја прифатила милионската понуда за Штербик и сега треба само да се потпише договорот со него.

Ако не се лажам ова ќе биде вториот милионски трансфер во историјата на ракометот после тој на Дувњак :)
 
Сериозни сте за милион? Самсоненко очигледно полудел :) Нели за многу помала сума беа договорени од таа што ја пишува во клаузулата? Нема збор дека е звер, ама милион за откуп никој не вреди.
 
Сериозни сте за милион? Самсоненко очигледно полудел :) Нели за многу помала сума беа договорени од таа што ја пишува во клаузулата? Нема збор дека е звер, ама милион за откуп никој не вреди.

Ја од тоа што прочитав од шпанскиве медиуми и од дел што информираат за ова по твитер, е дека милион евра се платени... И мене шок ме удри кога прочитав.
 
Ако дал милион, ондак нека се фрли во Вардар... Кој сака нека е, милион не давам па што сака нека биде :coffee:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom