Божино
4815162342
Golema pobeda na Rk Prilep nad konkurentot za super liga Rabotnicki so rezultat 22:24 puvreme(10:12)
Кое место сме дечки?

Кое место сме дечки?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Одиме Супер Лига
ЧЕСТИТКИ!Одиме Супер Лига.
Со денешната победа над Работнички се одлепивме на 7 бода пред нив. До крајот има 4 утакмици, 2 дома и 2 на гости, што значи и само тие две на домашен терен да ги победиме пак ќе бидеме први на крајот. На гости играме со Борец и Струга, а дома со Богданци и Вардар Полог. Единствено со Борец можен е кикс, ама јас сум оптимист дека без пораз до крај величенствено ќе влезиме во Супер Лига.
Честитки за пласманот.Кадетската екипа се пласираше на фајнл-фор турнирот заедно со Пелистер, Вардар и Текстилец и викендов ќе го организира завршниот турнир. Мислам дека после купот во 2001/2002 ова е прв било каков завршен турнир во Прилеп. Се надевам дека исто како и тогаш кадетите ќе го подигнат трофејот и со тоа ќе го најават сениорскиот трофеј кој треба да го добиеме на крајот на мај.
Секретарот наш имаше на фејсбук објавено, а се знај и сатницата за утакмиците, од 10, 12 и 17 мислам дека се игра. Официјална информација од федерација не знам дали има, ама дефинитивно е кај нас турнирот, само не знам во која сала, дали во училишната дали во Универзална.Честитки за пласманот.
Сигурен си дека вие ќе го организирате фајнл-фор турнирот ?? Пошо нашите имаја најавено дека тие ќе го организирале...
Има негде официјална информација ??
Ракометен Клуб "Прилеп" shared Ракометен Клуб "Прилеп"'s photo.Чим ги имат објавено сатниците на утакмиците тогаш сигурно е кај вас турнирот.
Те прашвам оти на ФБ страната на Пелистер пред една недела имаа објавено дека ја превзеле организацијата , ама сега барав на страната , го имат тргнато статусот шо го имаа објавено![]()
Како завршија натреварите од ова кадетското шо се одржа кај вас ?
Вардар се шампиони во кадетска конкуренција. Во финалето беа подобри од Пролет, а Пелистер го освои третото место.
честитки за рк прилеп, следната сезона се знае каде ќе ги играте наптреварите, резил е да се игра во таа салата со 100 публика.И официјално сме шампиони. Победа денеска во Струга со 44-28
. Имаме недостижна разлика од 4 бода пред Работнички на едно коло до крај. Наредниот викенд ја играме последната утакмица, со Вардар Полог на домашен терен.
Па според сите најави, најверојатно ќе се игра во универзална, ама не е 100% сигурно, пошто салата немала платено струја добри 2-3 години. Најверојатно ќе се оди на варијанта тренинзи во сегашната сала, а утакмиците и можеби еден тренинг неделно во Тутунски.честитки за рк прилеп, следната сезона се знае каде ќе ги играте наптреварите, резил е да се игра во таа салата со 100 публика.
В сабота секако, за од другата сезона потешко@BilboBaggins прва постава обавезно