Фан Клуб РК "Прилеп 2010"

  • Креатор на темата Креатор на темата Bops
  • Време на започнување Време на започнување
РК Прилеп 33 - 29 РК Струга

Без Бозароски, успеавме да триумфираме. Петкоски и Стојаноски ја презедоа лидерската улога, Ангелоски исто имаше многу голови и во одбрана изигра добро. Околу 12-тата минута имавме водство од 8-1, а на полувреме заминавме со 5 или 6 голови разлика. На почетокот на второто полувреме како и на секоја утакмица имавме голем пад во играта, фатија приклучок Стружани, ама не успеаја целосно да ја стопат разликата која до крајот се движеше од 3 до 5 голови. Три или четири напади имавме за водство од 6 гола разлика, ама не ги реализиравме, исто и Стружани за да намалат на 2 разлика, но сепак победата и трите бода без неизвесен финиш останаа во Прилеп. На табелата остануваме први со 18 бода, од можни 21. Наредниот викенд одиме во Гостивар кај Вардар Полог, последен меч од есенската полусезона.
искрени честитки. како се вардар полог? јаки или имаме шанси?
 
искрени честитки. како се вардар полог? јаки или имаме шанси?

Вардар Полог се последни на табела, засега имаат 6 порази од 6 утакмици. Со Бозароски во состав, не би требало да имаме поголеми проблеми со нив.
 
Вардар Полог се последни на табела, засега имаат 6 порази од 6 утакмици. Со Бозароски во состав, не би требало да имаме поголеми проблеми со нив.
да ама колку шо знам за бозаро е завршена сезоната, така да треба без него да се победи нба последната утакмица, па да се мисли на преодниот рок.
 
Вардар Полог 21 - 28 РК Прилеп

Шампиони на полусезона :vozbud::vozbud::vozbud: :D.

Ама, АМА, потешкото допрва следува. 5 гостувања имаме на пролет, а од тие пет, клучното е кај Работнички, меч кој најверојатно ќе одлучува директно за шампионот.

На табелата ние имаме 21, Работнички 17, Младост Богданци 16 бодови , а Борец 13.
 
Пеце Ѓорѓиески, пикерот од Пролет е новото засилување. Првата пријателска ја играме утре со Охрид од 19 часот, дома.
 
Дај пиши шо направјме со Охрид? Состав, стрелци и такви работи... :)
 
Дај пиши шо направјме со Охрид? Состав, стрелци и такви работи... :)
23-27 за Охрид. Пеце играше за нас, одлично се покажа, дојде и едно голманче на проба....повеќе по ПП :).
Многу грешки и промашувања имавме и ние и тие....преку 15 стативи имаше секако и 10-тина топки над гол шутнати. Не сме сеуште уиграни баш најдобро, рано е за тоа...ама одбраната ни е на одлично ниво според мене, Филип, Пеце, Дарко и Менде во линија застанати во одбрана, тешко кој ќе може да ги пробие во нашава лига...имаа едно 3-4 блока како таква одбранбена линија. В сабота одиме во Охрид на возвратна пријателска.
 
Кој ви е тренер на екипата ??
Орде Илиески, би требало да го знаеш, има играно во Тутунски, во Ресен и има репрезентативни настапи некаде околу 2000-та година :).
 
И репрезентативец беше , дел од тимот на првата репрезентација со Пепи , Томче , Стефче...
Играше на позиција пикер .
 
И репрезентативец беше , дел од тимот на првата репрезентација со Пепи , Томче , Стефче...
Играше на позиција пикер .
Точно :). Беше тренер на младинците во Златен Даб после пензионирањето и ова му е прва сениорска екипа што ја води.
 
И репрезентативец беше , дел од тимот на првата репрезентација со Пепи , Томче , Стефче...
Играше на позиција пикер .
Заедно со вашите Чурлески, Зарков, Новокмет...
Јака генераца беа :drk:
 
Добро МАЈАГЕРИ јаде едниот од судијата денес...:icon_mrgr:
Реално подобри бевте од Битола(иако не го фатив од почеток мечот)..
Штета само шо не се доигра утакмицата,вака без врска се расипа работата...
 
Добро МАЈАГЕРИ јаде едниот од судијата денес...:icon_mrgr:
Реално подобри бевте од Битола(иако не го фатив од почеток мечот)..
Штета само шо не се доигра утакмицата,вака без врска се расипа работата...
А да пишиш шо и кко? Кој водеше, зошто се прекина???
 
А да пишиш шо и кко? Кој водеше, зошто се прекина???
За првото полувреме не знам,второто го фатив,мислев дека од 2 е утакмицата,а овие си почнале во 1...
Утакмицата се прекина при резултат 16-12 за вас...
Битола имаше на два пати играч плус,ама не можеа никако да дадат гол,од друга страна вашите доста паметно ги користеа шансите и поведоа со 4 разлика...
На 16-12 вие имавте напад ,и Бозаро(мислам дека тој беше)шутна и голманот на Битола му ја фати топката..
Арно ама судијата го врати нападот на 9 метри(мислам дека во право беше зошто беше удрен во раката при шутот)....
И голманот на Битола збесна...:vozbud:
Ја шутна со нога топката,и судијата оправдано му акна две минути,после пак нешто му окара и јаде уште 2 минути..
И тука му пукна филмот на голманчето,се затрча кон едниот од судиите,скокна,го акна со нога во кунг фу стил...
И толку беше,па влетаа сите на терен,арно не прерасна во општа туча,ја смирија работата..
Голманот си продолжи да кара(од трибини):icon_mrgr:судиите одма си ги облекоа тренерчињата,имаше тргачење на записничката маса...
И по 10 ина минути брчење решија да ја прекинат утакмицата
Мечот ќе биди 10-0 за вас,службено,Битола гарант ќе јади солена казна,голманот го чека долга суспензија...
Штета шо не го фатив мечот од почеток,баш си планирав да одам да гледам,ама педерчиња заебаја со терминот...:icon_mrgr:
 
Еве јас сега се прибирам, смешки беше тепачката. Од клупа ништо не се виде како почна ко шо треба, само наеднаш свикаа нашиве тренери накај играчите: Бегајте, тргајте се од таму, да не ве вмеша и вас, Локвенец па појде да го брани судијата :pos:. Ние го видовме таму на средина, си рековме со нас е тепачкава, срипавме сите од клупа, ама ко видовме шо е, си седнавме поштено ферска да си гледаме, се прпелкаја на паркет ко деца мали в кал :pos: Че беше убо да се доигра сето фер и коректно, ама то е...после утакмицата можи едно поласат чекавме да се изготви записнико, ко го донесоја-цели фермани изнапишани. Дојдоја и 2 комбиња џандарски и ги зедоја судиите, најверојатно и в полиција ќе се прај записник и ќе си добие голманот приватна тужба.

За играта, да се доиграше не верувам дека ќе не стигнеа Битола, најверојатно и повеќе од 4 разлика ќе беше. Многу грешки имаше во првото полувреме, 10-10 резултатот беше можи едно 3-4 минути, едните промаши контра, другите зицер, па после другите за инает уште од старт заеби ја контрата.
@Tomasino На некоја од битолските страници пишуваше дека е од 2 и ние мислевме дека е тогаш, ама се делегирала во 1 и дури вчера разбравме дека порано одиме Битола.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom