Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум за тоа дека македонските тренери не чинат, дека странското е подобро и сл. Тоа секако не е точно, се зависи од индивидуата, а не од националноста. И не сакам да кажам лош збор за Јовиќ и Шундовски - имаат многу направено за Македонија, а Јовиќ се надевам и ќе продолжи да прави добро во младите категории во Пелистер - за што е одличен!

Но за ваков клуб, со соодветните амбиции, едноставно ова очигледно не е добро решение. Несфатливо е како може на трите натпревари што досега беа битни сезонава (2те со Вардар и КОлштад), тактички толку бесмислено да игра екипата. Дека е добар скаутингот - не е. Дека неизбежно не чекаше судир на реалноста и нелогичните олекувања на јавноста - секако. Дека стратегијата е промашена на градење на тимот - промашена е. Ама не е до толку лош составот како што изгледаат. Проблемите се повеќе во кохезијата на екипата, тактиката, вклопливоста на вештините на играчите, уиграноста...

Неколку работи што ептен ми бодат очи:

1. Напад во ракомет во 2023та се игра со НАПАД НА ЗОНА!

Ја сфаќам желбата да не се прават замени одбрана/напад, ама и со Колштад и со Вардар ги изгубија натпреварите во првите 10 минути заради тотално нелогични ракометни постави.

Во модерниот ракомет, не можеш да имаш успех во напад без сериозна закана со директен напад на одбранбената зона. Шутеви се креираат со напад на зона, со барање на "дупки" по затрчување кон зона (прием на топка во трк), со игра еден на еден и напад или на јака или на слаба страна.... Кога ќе пукне одбраната после напад, или сам одиш на влез, или додаваш за влез од втор план, или за врзани додавања до вишок на крило или за шутер од 9 кој вкрстува и добива отворен поглед кон голот (тука треба и блокови од среден или од пивот). Како и да е, сите акции почнуваат од напад на зона се додека не пукне, за да стигнеш до посакуваниот шут. Реално 2 од 3те бека мора да бидат добри во овој аспект за да се има ефективен добар напад. Ама под 1 не смее.

И се ова не е некоја наука, на секој што гледа редовно ракомет му е интуитивно јасно. На тие што се бават со ракомет да не правиме ни муабет. Толку му е јасно на сите дека е тоа најдобриот начин, што во последните 5 години воскреснаа ниските експлозивни средни бекови бидејќи тие најдобро напаѓаат зона и креираат вишок и сега се практично стандарден дел од модерниот ракомет.

Тоа што мене не ми е јасно е како може, знаејќи го сето ова да започнеш сериозен натпревар со постава Борзаш/Кисум/Цехте. Од 3ца имаш максимум пола играч за напад на зона. Кисум може да нападне, но само ако не е единствен таков играч во поставата. Борзаш и Цехте се шутери пред се и мора да имаат експлозивен и агресивен креатор меѓу нив. Прашање е дури и да имаат таков плејмејкер, против јаки екипи дали ќе може овие двајца да играат заедно, тоа ќе покаже времето, ама без таков играч е невозможно тоа да функционира.

2. Кисум може да игра на среден, но само ако Танкоски или Атанасијевиќ се на лев или Петровиќ е на десен. Со Борзаш/Стевановиќ/Сери/Ѓорговски на лев или Цехте на десен против сериозни екипи по моето скромно сфаќање на ракомет не смее да игра таму.

Бековски постави што имаат каква таква смисла (од постоечкиот кадар):
Борзаш/Тајник/Цехте - оваа не знам дали ќе функционира, но мора да пробаат бидејќи ова е теоретски најјаката постава
Атанасијевиќ/Кисум/Цехте
Борзаш/Кисум/Петровиќ
Кисум/Тајник/Цехте
Кисум/Танкоски/Цехте

Со овие би требало да има опција и како да изгледа екипата и во одбрана. За жал ретко која од овие ја гледавме досега, најчесто се играа многу нелогични постави кои повеќе во фокус имаа дали ќе се вратат во одбрана отколку дали можат да играат во напад. А реалноста е дека ако не ти функционира нападот, ќе те напаѓаат во транзиција до бескрај колку и да не правиш замени.

Има варијанти и со Сери/Стевановиќ/Ѓорговски но очигледно овие не се во план моментално па не ги зедов во предвид.

3. Мора да одлучат што ќе прават во средината на одбраната 3/4. Не може 10 играчи да ротираат таму. Мора да се има јасна постава. Ако на Сери му треба време да се врати во форма (а сигурно му треба) уигрувај го во домашно првенство со послаби екипи а не директно во оган. Одлучи се дали Хансен или Василев ти се прва опција за пикер во два правци. Ако се одлучиш за поподвижна одбрана со Атанасијевиќ на 3ка, ок, посвети се на таа логика и уиграј ја, а не да го заковаш на клупа цел подготвителен период и да го фрлиш во оган против Вардар (среќа жива тој до некаде ги стабилизира и беше една од светлите точки).

4. Имаш широк ростер а играш бавно.... Која логика е да бараш ширина на ростер и еден куп замени за ротација, а да форсираш бавен ракомет против екипа што нема замени. Иста грешка и со КОлштад и со Вардар. Тотално нелогично. Па шансата ти е да се уморат и да го искористиш заморот во второ полувреме, а не да им дадеш шанса да се одморат!

Доволно е. Се надевам од вечер ќе гледаме малку пологичен ракомет...
 
Секоја чест за анализата....
Нека читаат и белким некој ќе го пренеси ова до "трите мудреци"...
Штета колку можиме а самите се кочиме..
 
Абе и нашите знаат на пишано и муабет не само јович и шундо можи најмногу цревото но ко ќе се на клупа друга приказна, еден играч прај грешка или промашува во напад и одма надвор го вадат после другиот и така ги ротираат без врска и за напад и одбрана но најважно шо рече и дека мислевме барем физички се спремни и тука ќе ни биди предноста но за жал изгледа ги преусисаа некој на припремите исто и долга клупа но кај нас не се знај кој јади а кој пие но се знај кој плаќа , ај од првин тешки нозе немаат работено со топка но се гледа дека ништо не е работено скокни шутни сами да се снаоѓаат но и тоа е ок само да знајме која е првата постава сега за сега ништо не се знај се изгубија тројцата тренери и уште не ми е касно шо прат тројца ај еден друг одбрана а шо кур прај третиот преведва

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Ќе биди дека двајца се криви, третиот користи [emoji4]

Sent from my SM-G998B using Tapatalk
 
3. Мора да одлучат што ќе прават во средината на одбраната 3/4. Не може 10 играчи да ротираат таму. Мора да се има јасна постава. Ако на Сери му треба време да се врати во форма (а сигурно му треба) уигрувај го во домашно првенство со послаби екипи а не директно во оган. Одлучи се дали Хансен или Василев ти се прва опција за пикер во два правци. Ако се одлучиш за поподвижна одбрана со Атанасијевиќ на 3ка, ок, посвети се на таа логика и уиграј ја, а не да го заковаш на клупа цел подготвителен период и да го фрлиш во оган против Вардар (среќа жива тој до некаде ги стабилизира и беше една од светлите точки).
Одлична анализа. :bravobe:
Како едно дополнување. во врска со одбраната, која ни е мизерна од старт на подготовки, уште од тој меч со Ал Ахли се виде дека ништо не играт во одбрана.
Според мене досега најслаби позиции во одбрана ни се 2 и 5.
Шо ги прај тие играчи шо играт на 3и4 да имат уште поголеми напори да бранат.

Од тие слаби преземања на 2и5 се прај конфузија во целата зона и трчаме ко муви без глај на терен.
Посебно на двојка, едноставно тука не разбиваат, уште при прв напад на зона на левиот или средниот бек ако укрсти.
Не се следи движењето на топка на противникот, нема навремени прекини од 2и5, за да можат и тие шо се на 3и4 да се вклучат и да направат некоја густина во зона.
Уште при прв напад испаѓа некој на 2 или 5, дали е Цехте, дали е Борзаш или Тајник на 5ка.
Па не знам колку гола примивме од слабо бранење на 2ка, или со финта еден на еден го врват Цехте и имат чист удар кон гол, или пак со игра 2на 2 баш на таа позиција го барат пикерот, не знам колку гола примивме од Лазаревски баш на таа позиција, околу просторот шо го брани Цехте, едноставно кратери има, а не смеј да е така, оти демек треба да играме 6-0, да имаме густина и треба да го извлечиме пикерот да игра пред зона.
Никаква координација и преземање на играчи во зона, трча пикер од 5 на 2, никој не го презема, додека се реши Цехте или кој и да шо брани 2ка дали да излези на Јасумото или Николиќ веќе го заборајле Лазаревски на 6, кој има отворен шут од пикер.
На наједноставна финта Јасумото мајмуни ги праеше, при прв напад на зона, или отворен шут кон гол или проигрување до пикер.
Не сум тренер, не сум ракометар, прост лаик сум, шо ја користи логиката за доста работи, попрај ме ако грешам.
Една ситуација, еве јас сум Цехте. со 195 см, 90 и кусур кила.
Против себе го имам Јасумото Нагасаки, со 170 см и 50 кила, без скок шут, без удар од зглоб, од место ( значи не е дечкото Врањеш, Лук Стејнс, ниту пак е Боро Чурлевски).
Која е потребата на нашата зона, со играчи над 195 см, како Цехте еве, Кисум, Васиљев да излегват длабоко и агресивно на 9 метри, на играч шо нема потенцијал да ја загрози зоната на било кој начин, со скок шут, удар под и околу зона.
Шо значи дека на тој инфериорен играч со 170 см и желба за растење, единствена опција да има некој успех во напад е да бара директна дуел игра, или пак да се конектира со пикер, со оглед дека има предност во брзина и техника.
Дали не е најпросто и едноставно решение зоната да се насочи на бранење на пикерот и покривање на крилата, отколку ко муви без глај да излегват на 9 метри, да го бркат детулето по терен.?
Не е само проблемот со Јасумото, со сите леви бекој досега во овие 3 официјални утакмици имавме огромни проблеми,
Терзиќ на наједноставна финта ги испаѓаше ко партали, со продолжен чекор, а дечкото нема ни Т од техника, како робот е во движењата, без некоја мобилност при нападот на зоната, праволиниски играч, нема дуел игра за борба со зона еден на еден, чист просек од бек, нормално за 22 години дете, шо не можам да го кажам за Николиќ. ( овај е доста поопасен играч и потежок за чување).
Од то слабо бранење на 2ка, шо резултираше со пуштање на левите бекој да имат отворен видик на гол и шут примивме еден куп лесни голој, шо ако се играше 6-0 одбрана, не требаше да ги примиме.
Разбирам да ти шутира бек од 9,10 метри, па ќе чекаш голман или блок да бранат, ама вака, секој напад шо браниме ни се дешава огромен кратер да имаме во зона, или отворен шут на бек од 8,7 метри, или чиста позиција за пикер на 6.
Исто и со Колстад, на наједноставни и неагресивни напади од левиот бек, кај нас се праеше таква конфузија на таа страна во одбраната шо во секој момент имавме огромен кратер кај лево крило.
За 5ка не навлегвам сега толку, оти Колстад немаше некој десен бек да не разбие.
Денес со Алборг, со Хоксер и компанија, плус Бјорнсен таму очекувам да имаме доста проблеми од оваа страна.
Не одлучија кој треба да брани на оваа позиција.
Ти да не можиш со Томи Јагуриновски да се справиш. шо нема скок шут, шо нема удар од место, ниту пак има некоја дуел игра, јасно е дека не ти штима одбаната.
Доказ дека нема никаква координација шо треба да се игра во одбрана, ниту пак тренират ко шо треба одбрана.
А без одбрана не ти требат ни 3ца голмани, кои немаат никаква улога во екипата.
И 15 топки да фати голманот ако одбраната не го принудва противникот на технички грешки, да влегва во пасивен напад пак ништо не сме напрајле.
Оти имаме многу слаб напад и неивентивен напад, кој прај доста грешки и го враќа противникот во игра.
 
Ќе биди дека двајца се криви, третиот користи [emoji4]

Sent from my SM-G998B using Tapatalk
A za oprema da prasate ko za fudbalo so prasvavte,plus e septemvri do togas baravte dali ke zemat oprema, nosat igraci itn? A za drugite aktuelnosti vo tekot na denot
 
Ни следи нова утакмица за уживање :ojeaa:
Спремајте дијазепами со време
Ај гледајте ја и ќе кажите како изиграа Хансен и другарите [emoji16]

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
A za oprema da prasate ko za fudbalo so prasvavte,plus e septemvri do togas baravte dali ke zemat oprema, nosat igraci itn? A za drugite aktuelnosti vo tekot na denot
Шо опрема? Не те разбирам шо сакаш да кажиш?

Sent from my SM-G998B using Tapatalk
 
Менвајте канал 15 разлика мин ќе не тепат на крај :нинџ:
Одбраната ни е распашана банда , нападот спор трактор
 
Тајник до сега е најголемата ракометна превара шо ни се има случено во Битола. Дајбоже да се смени се и да биди наш најдобар играч, до сега е жива превара.

Sent from my SM-G998B using Tapatalk
 
Тајник до сега е најголемата ракометна превара шо ни се има случено во Битола. Дајбоже да се смени се и да биди наш најдобар играч, до сега е жива превара.

Sent from my SM-G998B using Tapatalk
Со пикерот Данецот тука се негде
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom