Се ти е наместо само сакам да се надоврзам.. Овојпат мислам дека кривицата е кај управата. Ни треба визија што понатаму и стратегија како ќе функционира клубот. Требаше до сега да научиме од грешките и да се поправаме а не да ги прајме истите.. треба професионално водење со добар менаџмент.. Дур беше бабич сите викавме да си оди а беше најголем професионалец до сега од 3-4 ца тренери, играчите викавме да си одат а го победваја вардар ито пресилен вардар во однос на овај сега, тие си заминаја па баравме нови играчи, и тренер данец. Играчите пак не се погодија шо мислам за ланската сезона вистина беа огромна грешка, и кој и да беше тренер немаше да се снајди со тие играчи.. пак лоша игра, ние уште незавршена сезоната тренер нов пак бараме, и идат шундо и јович и ги креваме во облаци, па освоја титула па ги величевме ги ценевме.. Овајпат во споредба со лани барем прво имавме тренер па играчи. Се зедоја според мене многу квалитетни играчи, тренерите од лани истите и заедно со новите играчи на почеток на сезона не се како што треба и сега пак бараме нов тренер.. и ќе има нов тренер уште не почната сезоната..муабетот ми е кога екипа и професионален клуб со добро менаџирање на играчи и тренер кој ќе има став и професионалност, ќе има визија и нема да има толку многу промени во толку краток период односно ќе му се дај шанса и на тренерот и на играчите повеќе од 1 сезона тогаш ќе имаме успех. А не секоја сезона нови та нови и пак сме на истото се вртиме во круг.. а ние како народ ќе си бараме на секое нови играчи, нов тренер, ќе речиме сега некој ај менете ги бркај ги, итн.. е како бе така луѓе? Шо е ова fantasy игра па ќе се менва ко ќе ни текни нас купи продај е ова? Не бе тие имат договори не е то така како шо мислиме... според мене моментално не треба да има промени кај играчите и треба да се соочиме со проблемот и да видиме кај грешиме овие 3 години, а и сега. Освен шо ќе има промени на тренерското столче да се вработат плус луѓе во клубот, во кој ќе се подобри и забрза функционирањето на клубот ( организација, сезонски, карти, фан шоп итн) и да бидиме трпеливи, оти со избрзани одлуки ништо не прајме. Тие се играчите сезоната е таја, почната е и сега треба напред и да се реши проблемот, па по 3 пат да ни дојди умот за следната сезона каде грешиме и да се попрајме. А за тие шо купивте сезонска и шо сте пишман алал да ви е... уште не почната сезоната се откажавте.. колку шо знам се пеј една песна пелистер се сака и кога губи и кога победва ама кај нас изгледа е само кога се победва.