Чекајте малце сеа другари, изненаЃен сам, па нели беше чист клубот од борчој?
Или, на празно маФташе техникото со листојте хартија ( налози за извршување од разно разни извршители и останати документи ) на тие легендарни пресој...
Многу прашања беа, се и сигурен сум дека ќе останат неодговорени.
Кој ги напрај борчојте? По кој основ се напраени борчојте, неплатени сметки ( телефони, струја, ќирии ), нередовна исплата на плати кон играчи, тренери, вработени во клубот? Зошто се чекаше да стигни наплатата да оди преку извршител?
Или немаа (т ) време ова да го кажат, а должни се да ни кажат, ОТИ СО НАШИ ПАРИ СЕ РАСФРЛАТ, и затворат туѓу борчој, а којзнај, можи и нивни борчој крпат,

Шо е уште поважно, ќе сноси некој одговорност за несовесното работење? Одговорот е јасен.
На секое незгодно прашање, одма одат со напамет научената одбрана и теза
, АБЕ МИНАТАТА УПРАВА ГИ НАПРАЈ БОРЧОЈТЕ, ВМРО, ГРУЈО, БРАНКО, ПЕТКО, КУРЛЕ, МАДЛЕ...НИЕ СЕ НАПРАЈВМЕ..
Кој и да ги напрај борчојте има(ше) начини да се дознај, ќе се прочешлаше документацијата, лесно ќе се ископаше кај лежи зајакот.
Шо презеде ова управа околу ова? ете ги критикуваа прошлите, остајле борчој.
Поведена е соодветна постапка? Кривична пријава до ОЈО Битола за несовесно вршење во служба, злоупотреба на службена положба против тие и тие лица.
Нормално дека не е, нема ни да биди некогаш..
Ете се констатира дека клубот е во борчој, дека не се работело ко шо треба, за само 5 години од ко сме АД да напрајш толкав долг треба да си легенда.
И епилогот кој е? Ќе одговара некој за ова? Или како за се во државата ќе се помини само на збор?
Па да сакаа да му помогнат на клубот и да ги најдеа виновниците досега 10 предмети ќе завршеа, со истраги, пред суд и ќе имаше правосилни пресуди ако се најдеа одговорните лица.
И ќе можеше клубот да ги врати преку тужби за надомест на штета дел парите шо фалат.Досега ќе легнеа парите на сметка на клубот.
И сега шо прајме?
Пак од нашите пари ќе се крпат новите борчој? Јасно е то, само реторички се поставува прашањето.
Шо прајме ако излезат нови борчој? А ќе излезат, сигурен сум во то.
Ете и Каменица ги стегна на суд, се води судски предмет, кај да е ќе заврши и тој, и ќе ги испука и тој со трошоци, кои сигурно нема да бидат мали, којзнај дали ги имат доплатено купојте пари за предвремени раскини на договори со Зејаци, Мејаци, Вуковиќи. Гуглети и остала боранија.
Не сме свесни каква штета ни напраја лани, го отепаја клубот, да довлечкаш 10 + странци, од нив дали 2,3 ја завршија сезоната, кузнеј колку илјади евра го оштетија клубот за исплати на плати, за раскин на договор и пенали, а ефект НУЛА, Пелистер 5ти на табела, а моментално пред распад.
И кој ќе одговара сега за ова несовесно работење на управата? Има некој од управата?
Кај се сега сите тие ликој? Пиле нема околу клубот, ни од управен ни од надзорен одбор, ни од тие ПИ АР служби, фејсбуци, инстраграми, сликари, шо ли уште не.

Лани ова време се размафтуваја со ветувања, со проекти, со меѓународни турнири

.
Во Епинал ги пречеквавме гостите, ручеци, коктели, закуски.

Па уште и традиционален ќе бил турнирот во чест на Боро Чурлевски they said, нема грешка

...секое чудо за три дена, колку шо траеше турнирот.
Шо прајме со коктелите, седенките со останатите екипи по секој меч, во рамките на клубот, по секој меч, со бифето?
Абе седете, ојте скријте се негде, резили сте, сите ни се смеат.
Колку и да ги нејќам Еурофарм, и цела таа екипа, му се поклонвам до под на луѓето, алал да му е жими се.
Поим се како треба да се работи во еден клуб, и кај нив имаше глупости, ама од крајот на 2017 година до денес 10 нивоа скокнаа во сите полиња, а ние пак обратно, од таа победа против нив на крајот на 2017 година само си паѓаме, за да дојдиме денес до предстечајна состојба.
Ко гледат со кој незналици си имат работа сега ми е јасно е зошто се претпазливи и си ќутат цело време, не ме чуди нивната реакција, баш нормална е.
Тие не молат за ништо, нема ни потреба да молат, ќе си најдат пак шлукачи, со гратиси по аптеки, со ваучери, со други реклами ќе ја наполнат салата и за СЕХА, камоли за ЛШ.
Напраја невидена медиумска кампања, шо ни на сон немаше да му текни на нашите легенди од управа ако тие беа на нивно место.
Колку и да нејќам да успеј овај проект, сепак има барем една добра работа во сето ова, шо ако по некое чудо го шитнат клубот на Еурофарм конечно ќе се тргнат партиските луѓе од клубот, шо нема појќе да се зависи од ликој шо немат допирни точки со спортот, шо не допринесват со ништо за клубот, ниту пак имат капацитет да бидат во клубот и да сработат нешто, ќе се има контрола на парите, ќе има и одговорност.
Ќе има некој ред, вака досега беше башибозук.
Досега во Пелистер немаше ништо, ниту одговорност ниту пак некоја цел и план за клубот, а десетици години поминаа, зато клубот дојде на ова дереџе.