Од традиција не се живее. Пелистер со својата традиција е 5ти во лигата и ќе игра Челенџ куп, чисто благодарение на Вардар. Салата е во лоша состојба и е на општината, не е на Пелистер.
За спорт треба пари. Еурофарм има пари, играчи, добар тренер, нивниот сопственик ќе ја реновира салата и сл. Пелистер има традиција и нешто навивачи. Ги гледам стримовите на РФМ, не е полна салата никогаш. Не е ко Пелистер да може да ја наполни кога му текне, па дека градот гори за клубот. Ете, Вардар доаѓа, ривал, клуб од европскиот крем, европски шампион од пред година ипол, салата не е полна.
Нека се пласира Еурофарм во 1/4 финале на ЛШ како Металург или Вардар, да видам колку нема да биде прифатен од градот. Кога има успеси, сите се соживуваат. Нека фатат неколку години со ред, да видиме колку ќе идат на Еурофарм, а колку на Пелистер и кој клуб ќе биде поприфатен. Клубот што игра против врвни тимови во врвни европски натпреварувања или клубот кој се бори за плеј-оф во македонската супер лига. Тоа, традиција, младински школи, на обичниот гледач му е гајле. Он си сака успеси, за да си се соживее. Доколку клубот е успешен, навивачите ќе си дојдат. Зошто тинејџери и млади луѓе да навиваат за Пелистер кој се бори и игра со Бутел и Пролет, кога може да навива за тим кој игра СЕХА и ЛШ и се натпреварува против, Загреб, Веспрем, Висла и сл. Тим од својот град.
Тоа традицијата, Лемго, ги интересира само луѓе што го виделе тоа и што си патат од носталгија.
Кој има пари, тој ги држи картите, зошто со пари се купува подобра иднина. Со пари се градат младински школи, инфрастркутура, се носат играчи и сл. Традиција е ствар од минатото. Со тоа не се гради иднина, тоа е само да се потапка човек по грб и да си става чувство на вредност.
102,3 % си во право, целосно се согласувам !
Во врска со третиот параграф, јас ти гарантирам дека за 4-5 месеци ќе излези и навивачка група за Работник, не е смешно чиста вистина е, само на тие кокошките во првите редови од спротивната трибина шо рипаја и се палеја на головите на Работник, да ги пуштат нивните деца на трибина со знаменца, онакви гумени курала шо му даваат за шлукање, ќе се соберат минимум 50 деца.
Од утакмица во утакмица на досегашните дерби утакмици со нив, мислам дека има се повеќе и повеќе навивачи на Работник, значи нивните успеси со самото учество во ЕХФ купот во групи и сега во СЕХА и ЛШ му носи нив публика и го туркаат Пелистер надолу, односно е занемарен во споредба со нив во случајот.
Џабе не рекле старите, пара буши где бургија нече !
Дури не дојди некој овде да се растреси со пари, парите ти носат успех, заеби традиција, сега новите генерации, нашите деца, кур ги боли дека сме играле на времето со Лемго, кога во моментот се бориме со екипи од рангот на Радовиш, Струга и Охрид и играле егал утакмици со нив до 60та минута.
Уште сме закочени со мозоците во 1980г. пример ќе го земам само Вардар ете од Македонија е, во последните 3 години редовни учесници на фајнал фор, од кои освоени 2 титули, крај !
Неможи ние да се чукаме уште во гради со Лемго и со право не дупат, то е реалноста.
Имат пари = имат успех
И тоа шо се збора за клубојте да се спојат двата во еден Еурофарм Пелистер, да не се повторвам по 100 пати оти само се нервираме, тоа е УСПЕХ на нив на Работник, а не и на Пелистер, нашиот успех од ова година е пред последно место во плеј оф, односно 5ти и крај !
Се потпираме на нивниот успех, до вчера сум плукал по нив, мајки шајки му карав, сега да шлукам за нив, тоа нема да се деси !
Јас сум Пелистерец и ќе си останам до крај, 15 години сум киснел по трибини, корења пуштивме, сум бегал од утакмици без глас, тепачки поминавме и ова фузија јас не ја прифаќам.
Добар пример некој даде поназад, каде ги спореди Баерн Минхен и Минхен 1860 во фудбал, пример Минхен влегва во прва лига, Баерн си е шампион, а Минхен 1860 завршва 8ми и сега сакаат да бидат два клуба во еден и вториот клуб од Минхен да се потпира на успесите од Баерн

no sens, како би реагирале навивачите кога би биле Баерн Минхен 1860 ?

Ова дефинитивно само во Македонија го има....