Апсолутно. Се согласувам со тебе, но, различна е ситуацијата да земе инвеститор и да го дигне клубот, од инвеститорот да дигне друг клуб и после да го спои, при што од првиот нема ништо освен некој бренд.
И јас како скопјанец сакам искрено Битола да има јак клуб. Ама, факт е дека при фузија, основата е скоро цела на Еурофарм, и да би бил јас навивач на Пелистер, не би можел при ваква фузија да навивам за тој клуб и да го викам Пелистер, зошто до вчера сум ги викал овие комшиите, фармацевтите, гајле ми било за нив, и сега со 95% нивна основа ја навивам и славам успеси, се радувам на овој нов Пелистер. Тоа е лицемерно.
Испаѓа, ја сакам јак Пелистер, не ми е гајле како ќе се случи тоа, ќе замижам и ќе уживам.
Не негирам дека оваа ситуација е може поволна за градот, зошто таа сала треба да се реновира, реално за неколку години, ќе мора да се прави нова, зошто нема да може ништо интернационално да се игра таму.