Еурофарм си е стабилен и успешен, гради тим да парира во СЕХА. При фузија, тоа нема да биде Пелистер. Тоа ќе биде Еурофарм Работник, со Пелистер шминка. Фузија е фузија, но ова не е рамноправна фузија, едниот клуб фактички си останува ист, само името му се менува. Што има Пелистер да му понуди на Еурофарм? Им остана некој врвен играч? Имаат подобар тренер да го води он тимот? Подобра управа?
Ако Еурофарм има врвни успеси, што, празна ќе биде салата? Кога ќе дојде да се игра Веспрем - Еурофарм, нема да има публика? Ако Еурофарм расне, а Пелистер паѓа, публиката ќе го напушти и заборави Пелистер со години, деца ќе бидат израснати со успесите на Еурофарм и гајле ќе им е за традицијата на Пелистер. Скопје се палеше на Металург, кај е таа публика денес?