Тие шо сакавме да останат и шо беа носители на екипата Кобетиќ, Поповиќ и Борјан, сите тројца си заминаја и ќе останиме да играме со инвалидите Лековиќ, Стоилевски и Дрогата.
Три пати ќе сме послаби од лани, секоја сезона иста песна е, се менва цела екипа, се носат крајот на Август 3-4 анонимци, кој на јутјуб се напраени мислиш Карабатиќ дојде, а во живо кога ќе го видиш да ти е мерак да го отепаш.
Вака не се прај екипа, ако имаа грам мозок, Металург е распад и продаде 6-7 играчи, да му понудеа иста плата како шо земаја таму сигурно 2-3 можевме да донесиме, плус задржи ги горе наведените тројца, земи пикер и голман и биди си рает. Кога можеја по тренери да фрлат преку 3к кркачи еура, плус сертификати, станој и ред други работи, Рамбо да си напрај плата од четири хилјаде еура , можеја да понудат и за децата од Металург. Па крај краева и кој сака да игра во Пелистер последно време, сите не прочитаја дека сме јојо клуб, перење на пари, политиката заглавена до гуша во клубот, ајт сиктер....
Да почекаме да заигра МЕТЛАТА и во РК Пелистер, па и тоа не е решение, ќе дојдат други Корлевци, Рамбовци, Шамбовци.


