Тотален дебакл, на,сите полиња.
Игра НУЛА, водство од клупа-такво нешто немаше,идеја,тактика, ништо немаше.
Само желба имаше кај играчите ама џабе, кога беа како стадо овци на колење.
Распашана команда, иста акција ти да прајш 60 минути, се по средина, едно 10 топки од раце му паднаја, 10 над гол, 10 му фати Ивановски само во последните 15 минути.
15 ( петнаЈСЕ)гола,алооо,дно-дна.
27 години активно го следам Пелистер, ваква мизерија неам видено.
Професионални ракометари.

Разбирам слаб ден, трема ама на ништо не личат, за само 3 недели ја спичкаја цела добра работа за тие 4 месеци во есента.
Напредок нула, игра никаква, водство од клупа очајно, тактичко прилагодвање кон играта на противникот никакво.
Ти играт истурена одбрана на десен бек и цело второ сите топки од таму ги изгубија, или грешни додавања, пробивања, банани, идеја, тактика нула.
Смени нешто бе, втор пикер, пробај рашири, нека се вклучат и крилата во играта.
Очај, греој,3та утакмица со ред нападот е жива мизерија, денес беше "кулминација".
Мизерија од игра имаме, ај одбраната личи на нешто, нападот е бетер од аматерски, резил.
То е, реално нема шо да бараме со Цилевци, за класа се појјаки, со ваква игра, ќе не шлакат допрва.
Сеа да се среќни ако фатат Европа, како играт нема да ме чуди и со Пролет да изгубиме, а ако играт макар и приближно вака губат во Скопје гарант,да не прајме муабет со Охрид.
Играта не е ни 30% од та со Аљушо.
А истата екипа е, демек и сјачана.
Сега се оправдани критиките за Борче.
Шо тренер си се покажва на вакви утакмици, не со Вардар Џуниор.
Нека го барат Звонко дури е со време, или нека си ја признат грешката со Аљушо и нека го молат, дури има време.
Ништо, скроз ме разочараја.

Ништо не прат вака.