НЕ ИДИ ЕЃИПЈАНЕЦО.
Не знам шо напнаја сите со него?
Април дојде, џабе е сега, еве и да е тука ќе му треба време да се вклопи, да се навикни на системот на игра, кузнеј и дали има тренинг ко шо треба тој досега.
Не оди така.
Сега е најважно да се врати Темо, макар играл и со пола сили, ваљда е спремен штом тренира.
Оти без него тешко, неопходен е, Рајчиќ има ( засега) достојна замена, Темо ептен фали, во двата правци.
Мислам дека ќе биди во состав со Цилелург сабота, паметно напраја шо го штедеа, немаше потреба да се ризикува, па да имаме шанси за победа, не дека и без него е невозможно да се тепат, ама ако имаме напад полесно ќе оди, одбраната засега ни беше солидна, посебно со Охрид.
Лошо е шо одма со Цилелург играме, лош тајминг.
И тие чкрипат, и то бааги, имат слабости многу, разликата е ( или беше) шо имаат многу искуство, баш тие најискусните не дотолчија, Пинки, Пецак и Кузманоски.
Ако се најди чаре за шутојте од далечина ќе биди доста полесно, посебно на непоставена одбрана, или оставање простор во централен блок, немање густина( ненавремено излегвање, и неможност за блок), ако ги чапниме со доста прекини, прекршоци како во есента имаме големи шанси.
Посебно ако имат ден некој од бекојте.
Треба да е интересна утакмица.