Чупа ќе му вадиме уште малце,за убо да е!
Ко се игра одбрана ете го и резултато,исто како на првата утакмица ги искинавме во одбрана,примен минималец и успеавме да тепаме,можи на ќоро на крај,ама сепак заслужено оти речиси поголем дел од мечот водевме,ама никако не успеавме да напрајме разлика.
Тука се екипите,израмнети,џабе толку му ја кренаја цената сите,и тука на форум и пред меч,и в сала муабети од типот АБЕ ЌЕ НЕ ИЗГАЗАТ,ПРЕЈАКИ СЕ,чекајте бе,кроце,имат можи неколку поединци кои делат,ама има и Пелистер,плус како шо кажав далеку посремни сме на кондиција,се покажа и денес,да имавме уште некој бек во ротација,пред се левак ќе бевме многу опасна екипа и лесно ќе ги решававме ваквите дуели.
Во ракомето не победват имињата,победва колективот,го напраја онај Чутура небаре Карабатиќ е,дечкото ја еба цела утакмица 3или4 гола имаше од преку 10 обиди и две клучни топки ги поеба на крај,е на 37 години не е едноставно да се игра,колку и да си бил некојси играч на времето,шо мислеше тој,со Радовиш играт?исто и со Мајнов,даде некој гол од дистанца надвор од 9,ама не успеа да ги разигра десните крила,ако не се лажам само еден гол од десно крило дадоја,а пред то по 10 даваја со другите,единствено пикеро како шо се очекуваше ни напрај премногу проблеми,се знаеше дека преку него ќе одат и ќе барат игра за него,добро ја увиде Камени опасноста и го пушти Бојанчо како индијанец на Чурлето,вистински потег,оттогаш се стегна одбраната,ги натеравме да се мачат по страни,средината се затвори.
Ги искинавме во одбрана во последните 10 минути,еден чист шут имаше Чутура и еден гол шо даде Барош,и то беше се.
Конечно и Камени изненади дека знај да најди против игра за нападот на противникот,овие навикнати да швркат по 35 гола со аматерски одбрани се изгубија,не се учени на вакви тесни мечеви со малку голој.и со Охрид беа пред пораз ете и денес,иако лесно можеше да се случи да не чукнат,ама одбраната на крај го реши мечот и не извај.
Бојанчо искина на преден,партали напрај,го искина Чурлето во второ,ни игра 2на 2 со Адли имаше,ни некоја конекција на "(пре)скапите звезди"Мајновв и Чутура

,ги натера сами да се борат за секоја топка и да си прат позиции за шут,можи нема репертоар на удари,можи греши,ама дечкото е еден од најдобрите крилни играчи по Злате шо сме го имале,корисен во два правци,нека не се чудат другите шо има апсолутна доверба,си заслужва детето,игра без пардон,максимално борбено до крај,досега со Борјанчо и голманите се најдобар дел од тимот во овие 10 утакмици,два правци вршат,во одбрана заедно со Папата го изнесват најголемиот товар,секоја чест.
Борјанчо,МОТМ,иако напрај неколку безврска пробивања,не смееше онакви грешки,во клучни моменти,со играч појќе,во два напади прај две пробивања,на ист начин го местеа,јебига,тежек,нема подвижност,пред се во промена на правец,брз е ама праволиниски оди во зона и доста лесно го местат,иако доста пати му успева со таа брзина на прв чекор да избега и да влези во зона и да напрај минимум пенал,или гол е сеа некогаш ќе има и пробивање,баш во најнезгодни моменти беа,тој гол на празна мрежа на 17-19 не врати,ако одеа тие на +3 на помалку од 10 минути ќе беше лошо.
Богдан слабо денес,иако кај него топката беше најстабилна,ама не успеа да се снајди,доста грубо излегваја на бекојте,Фарук и Зверо нон стоп беа чекор напред и играја некоја си 3-2-1,ако пак одеше на средина тука беше Адли,не успеа да се снајди Богдан,а и доста ќотек изеде,па го извај Камени.
Изненадување беше Везенио,најдобра утакмица денес,конечно малце потсети на стариот играч од пред некоја година,доста паметно,мудро одеше,знаеше шо сака,нон стоп бараше пикер,или дуел игра за влез,и судите не искинаја во две ситуации,чиста ситуација на пробив на Везенио и отворен шут и гол го вратија назад нападо,а немаше чекори,и топката до Папата кога при крената рака за пасивен напад свирнаја пробивање,врска немаше,ја крена левата рака Папата,се загради,ама далеку беше од пробивање она,немаше ни лакт,ни обид за блок или нешто слично,класична ситуација и борба за позиција,само се загради,врска немаше,и нормално јаде ремет Наче,па после пробаја да компензират,исто ко на првата утакмица.
На крај европска одлука при последниот напад,ретко кој судија би го видел она,секоја чест

Топка од Козла до Мајнов,овај беше на нетипична позиција,на десно крило,и со едната нога газеше внатре во 6,па после се извлече,ама веќе ја прими топката,дел од секунда беше,да беше било кој судија она лесно можеше да го превиди и да сркниме гол,за ова стварно треба салам пратење,секоја чест за ова,на времето колку утакмици вака не дупеле,сега не смеј да се замери,освен тие неколку грешки шо ги имаја си ја изработија работата на ниво,нема збор овде,се гледа зошто се во топ листа на ЕХФ,е сеа шо ги нејќиме то е друга работа.

Стари рани од времето,ко не кинеше Драганчо,како грмеше на времето ејјј

Потфрли Резо,можеше подобро да реагира при тие два удари во второ,во прво освен контрата не ни доби некоја топка,ни Пецката не се снајде како треба,нема бе во вакви дуели такви удари,со суви листој,или некој мини лоб над гла на голман,ако мојш си отвораш агол и се фрлаш во 6 шутираш,посебно ко ќе имаш затворен агол треба негде под нозе да се шутка,не високо,иста грешка и Бојанчо ја повторва,ете цела полусезона.
Фалеа тие голој од Папата,ама немаше простор за него,изнуди неколку пенали,машки одеше во дуели,сепак не е лесно да играш птотив Фарук и Зверо,леле леле каков ќотек му манаја на Борјанчо,оди овај во полн залет овие го чекат со ОТВОРЕН ГАРД СО ДВЕТЕ РАЦЕ КРЕНАТИ

,чисти искучвања,најопасни стартој во ракомето,дирек в стомак или кај градите,да е малце погоре кај глата дирек црвен се јади.
Тасевски изигра нешто,ама далеку е дечкото,уште не е снајден,не успева да се покажи да фати ритам,истото му се случи и во Прилеоп ко љуфна зицери,исто и на првата утакмица,ете го и сега,иако само еден зицер љуфна,сепак не можи да фати ритам и да добие поголема минутажа,во одбрана засега е подобар,знај да се постави,ако работи некој со него можи да се изделка нешто.
Кире изигра машки,и пред се доста паметно и интелегентно,то морам да го пофалам,ги пратев цело време,одеа на цврсти стартој ама доста паметни,без да се оди со држење,тегнење за дрес,кренати раце ко колегите од дргата страна,се изигра паметна одбрана,до граница на исклучвање,ако не се лажам освен 2 мин на Бојанчо немавме исклучвање,со право,се одеше јако,ама баш во вистински момент ги пуштаја,колку шо требаше да се прекини нападот,е така треба да се игра,паметно,не само колку да се мани и да се добие 2 мин без веза и да играме со играч помалку после.
За ВЕШО не коментирам појќе,4 технички грешки и неколку без веза удари во АЛА ПИОНЕРСКИ СТИЛ ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА,и еден гол од паркет,го дупна паркето

,во одбрана ме изненади,не беше најслаба карика,или можи и беше

додуша не ме изненади толку Вешо колку Чутура,кој си мислеше дека игра во Српска Лига,со некојси Југовиќ.

Паметен потег на Камени шо не го играше Павле во одбрана,не е за одбрана онај,доста работа му треба.
Покажаја карактер на крај,и упорност,со добра одбрана се доби мечот,така и треба да е,ова треба да е лекција дека треба на секој меч да се обрни внимание на одбраната,не можи бе со овие да играме одбрана со другите екипи да не бушат,оти преочигледно е дека ги потценваме и не влегваме сериозно,не можи,мора да се извлечат поуки,и да влегват сериозно во дуелите,посебно на дуелот во Прилеп,
Одличен пред се на психолошки план е овај триумф,да се крени екипата пред Босанците,да се добие уште појќе на самодоверба.
Да се изигра уште една машка утакмица,со малку примени голој,па после во реваншо ќе видиме шо ќе биди,важно е овде да се изигра машки.
И тие по изјавите не респектират,се гледа,па ќе влезат со страв,ако има публика,а ќе има,треба да искористиме момент.
Како и да е,браво за денес,победа во вистински момент.
