- Член од
- 21 февруари 2007
- Мислења
- 1.196
- Поени од реакции
- 2.023
Има ракомет но тешки бубачки имаат.Да се надеваме дека нема да не кошта, ако треба и на клупа нека седи ама да го имаме, ваљда ќе покажи професионалност и ќе игра до крај..
Ете која била причината шо неиграше за Истрес.
Не е играч кој можи да игра под притисок.
Лани до Април месец имавме 4ца промовирани играчи.
Ова година би требало да има неколку нови играчи да се крени нивото на тимот. Костурот на тимот би останал:
Голмани: Лесјак, Кизиќ
Лево крило: Кузманоски, Петар и Ојлевски на кого договор му истекува.
Лев бек: само Емко (кој мислам дека е во 2ка префрлен), Павле и Сери се сигурни, Кисум (јавно вели дека ќе остане но на документ нема никаде), Суси до крај на сезона е со нас мн тешко дека ќе остане, Стеванович до 2024 и Кукоски (му завршува договор)
Овде мислам ќе немаме нов играч освен доколку Кисум не го задржиме.
Среден бек: Танковски го имаме до 2025, Дејвис до 2024. Овде ќе има дефинитивно нов играч кој би го збогатил ростерот.
Десен бек: уффф Хосни до 2024 но ќе си замине незадоволтво од него а и непокажа дека вреди. Велковски договор до 2023, детето единствено вреди дека е најдобар македонски десен бек и според мене вреди да го задржиме иако на 24 годишна возраст веќе има две тешки повреди.
Овде изгледа ќе имаме еден вонсериски играч кој ќе прави разлика а и не се исклучува можноста да бидат двајца ако го нема Мацко.
Десно Крило:
Костески е машина треба со него да се поработи на зглоб да го збогати репертоарот на шут (ко не научи нешто од Соклевски детето е Гума во раката), Радониќ дружето има лавовско срце но не го бива едноставно ни во одбрана не е то шо беше. Очекувам Белистојаноски да го вметнат овде малио ќе изгине на терен има брзина и знае да искористи прилики.
Пикер: Василев руска машина, има осцилации во играта брзо се нервира за глупост, има и во него незадоволство но во секоја утакмица дава максимум, договор до 2024. Пешевски незнам немам некое чуство дека ова му е максимумот игра без кеиф ако го споредам со Граџан кој не се залагаше воопшто на тренинзи мислам дека не добивме некој плус во тимот со Пешевски, ајде има договор до 2025 можеби ќе сврти и тој подобра страница. На позиција пикер не би ја исклучил можноста за нов трет пикер па макар бил и Самоил Ристовски од 2ка бидејќи Кукоски не ни одговара за ротација пребавен е.
Мои очекувања за нови играчи. Лев бек ако Кисум бега, среден бек (двајца ако Дејвис не напушти) , десен бек (двајца ако Велковски не напушти) и евентуално пикер.
Играчи кои дефинитивно нема да бидат со нас за 23/24:
Хененберг - > Фредериција
Суси - > ?
Хосни - > ?
Играч за кој можеби треба да се задржат:
Ојлески - > ?
Дејвис - > ?
Играчи кои треба да се на излезна врата :
Радониќ - > ?
Кукоски - > ?
Кои се ваши очекувања за идната сезона и дали имате желба за играч кој би бил во рамките на нашите можности.
@ZelenoBel
Пали машината бе, одиме за Санкт Петербург, да се чудат улајте....не дека е многу....3000км еден правец
п.с.Не може нам нико ништа, јаЧи смо Еурофарм![]()
Ве носам на пиво таму ако ојте.
Ќе се најдат некој пабчиња околу Нјевски проспект.
Последно уредено: