Изненадувачки одлично издание на Пелистер. Заслужено е освоена титулата во Струга.
Неколку работи би коментирал...
1. Хокеарските замени на Бабиќ!!! Долго време пратам ракомет, ама вакво нешто не сум видел. На секои 2-3 акции по пола состав го менуваше. Се растури од ротирање. Не само што играа сите 16 играчи туку и се имаше впечаток дека играат постојано. Го излуде Аљушот, не знаеше кутриот за кого да спрема тактика.
2. Екипата делува одлично уиграна како за ваква рана фаза на сезоната. Особено е чудно со оглед дека има многу нови играчи. Пред турнирот малку бев скептичен дали квалитативно е направен чекор напред оваа сезона, но ја потценив хемијата и тимската игра. Остроушко и Јотиќ можеби не се квалитативно различни играчи од Периќ и Мандалиниќ, но се соло играчи кои играат надвор од тимскиот концепт. Сега екипата многу повеќе личи на ЕКИПА и далеку повеќе ми се допаѓа пристапот во играта, акциите кои се развиваат.
3. За Периќ потајно бев оптимист, отсекогаш ми се допаѓал како играч, никогаш не сфатив зошто е во втор план и во репрезентацијата а често и по клубовите кај што играл. Да, не игра одбрана, но офанзивно е прав плејмејкер дечкото. Турнирот потврдува дека тој ќе биде лидер на екипата. Мандалиниќ, добро е што офанзивно е во форма. Во одбрана, ќе видиме дали воопшто ќе игра, го штедат долго време веќе тренерите заради повредите. Впрочем тука е и потенцијалниот проблем на екипата, што двата главни бека се исклучиво офанзивни играчи. Па и Стјепановиќ на десен реално. Тука доаѓа до израз една од работите што најмногу ми се допаѓа кога гледаш како е скоцкан составот. Маџовски и Радовиќ се злато за екипата, како крила кои добро играат одбрана на 2 и 5. Тие се тие што овозможуваат офанзивни играчи во еден правец да имаат таква минутажа и слобода во играта.
4. Кушан! Ауу каква партија. Секоја често за дечкото кој го изнафали на форумот, се извинувам, не се сеќавам кој беше, да не скролам наназад ќе се јавиш сам

. Ни приближно не очекував дека има толку висок капацитет. Ја уништи вчера одбранбената линија на Вардар. Голови, пенали, се. А плус и добро изигра во одбрана. Реално MVP на мечот без разлика што веројатно заради црвениот картон му ја дадоа наградата на Мандалиниќ. Ако вака игра цела сезона, богами тешко ќе му биде на Пелистер да го здржи, идното лето, пола Европа ќе го бара. Нема екипа која не сака ваква грамада пикер кој игра одлично во два правци. Само вака да продолжи, да не го урочам
5. Танкоски е таман антитежа на Периќ, спротивен тип на играч, ќе биде многу битен дел од екипата, се виде и вчера. По потреба може и заедно, да играат. Велковски се чини во моментот е прва опција. Вчера одигра колку толку коректно, но ќе покаже времето, тука е потенцијалната слаба страна. Стјепановиќ во моментот не е ни сенка од тоа што беше лани пред повредата. Ќе видиме дали ќе го оправат во следните месеци. Мараш очигледно е дека има сериозен потенцијал. Ама има и доста работа со него, таман е за млад талент за ротација кој за неколку сезони може да израсне во нешто.
6. А за голман, Чаневски вчера одличен ќе видиме како ќе ја истераат есента. Животна шанса му е ова мислам.
Се на се одличен старт. Но не смеат да се задоволат со ова. Има уште многу искушенија сезонава. Во СЕХА и особено Европската лига, ќе имаат многу сериозни натпревари ќе видиме до каде можат да стигнат.
П.С. Стерјев има интервју за balkan handball...
Rukomet i Bitolj, večna ljubav. U zemlji gde je rukomet sport broj 1, a gde je u poslednjih 15 godina viđena totalna dominacija skopskih klubova, samo jedno pitanje nikada nije postavljano – pitanj…
www.balkan-handball.com