Фан клуб - РК Металург

Не е лошо првото полувреме, одбраната не е лоша, фалат одбраните на Митревски на утакмицата да го крене моралот на екипата малку.
Во вториот дел треба да игра со Бувиниќ, Раде и Јања во нападот, добро игра оваа тројка, се надевам не е ништо сериозно со Јања.
Oвој пикерот Вргоч кој монструм е .. добро игра во одбраната.
Инаку тие Нексе играат одлична одбрана и имаат одличен голман, многу тешко правиме акција, пикерите и крилата ни се нешто непознато засега, топка не фатија.
Ајде повеќе среќа во вториот дел, се надевам барем на нерешено.[DOUBLEPOST=1425496050][/DOUBLEPOST]КАТАСТРОФА! 8 разлика да губиш од ебено Нексе алооо[DOUBLEPOST=1425516428][/DOUBLEPOST]Очајно второ полувреме, никој ништо не покажа, катастрофа невидена беа денеска, кога требаше најдобро да изиграат .. да им парираат во текот на целиот натпревар, го направија токму спротивното.. одиграа еден катастрофален натпревар..
Незнам што да мислам за овој тим, никаква акција не се направи, ниту за пикерот, ниту за крилата..
Новите засилувања се по лоши од овие играчи што ги имаме од младинскиот состав, само Бувиниќ е полн погодок за тимот.
Вргоч се виде зошто е играл во Финска, човекот нема појма , Жаре за него е Игор Вори.
Војводиќ не е така лош играч, но ништо не е повеќе од Борјан како што го правеа кога дојде во клубот, демек најталентиран плеј е во Србија.
Незнам дали е недостаток на искуство, дали е недостаток на квалитет или пак времето на Червар му е поминато..
Но мислам дека оваа генерација е премногу исфорсирана, неможеш ти да примиш 8 комада а да постигнеш само 1 гол, сепак некој треба да ја сноси таа одговорност, тоа ни Борац не би си го дозволил.
 
Последно уредено:
Rade vcera bese eden od podobrite, uspevase da ja probie odbranata so nekoj sut.Ama se ova izgleda nekako bez nikakva idea bree ... kako mozea za celi 15min samo 1 gol da dadat, ne im se slucuva prv pat ova!!

Koga se vrakjaat Talevski i Neloski? Ima li sansi da igraat utre ili mnogu tesko
 
Овие засилувањата барем половина се чини се целосно промашување. А и сите тие тврдења дека овие биле донесени за да играат место младите како што ми изгледа ќе паднат во вода, бидејќи младите се каде каде подобри од овие... На сите тие странци (и повредените Талески и Нелоски) пак најарни испаднаа Манасков, Костески, Маџовски и Стојановиќ...

Бувиниќ не е лош, пикерот не е којзнае што ама е неопходен бидејќи само еден имаа, па ајде и тој Голубовиќ како втор десен бек ќе помине (макар што мислам дека можеше и Велковски да се фрли во оган), ама голманот и средниот бек се целосни промашувања, а Стојановиќ според мене е непотребен без разлика што вчера бидејќи се повредија сите 3 леви бека беше корисен.

Во секој случај ако им се повредени клучните играчи тешко ќе можат против Зомимак да се спротивстават. Ама не кажуваат за какви повреди се работи. Кога е за фалење први се по сите медиуми по сто пати ќе трубат кога е известување за незгодни работи никаде ги нема...
 
Незнам зошто најавуваат пренос идиотиве кога не се способни да ни го овозможат натпреварот..[DOUBLEPOST=1425674048][/DOUBLEPOST]Срамно е да го коментирам првото полувреме, 5 разлика од Борац да губиш .. ццц резил невиден.
Ќе ги пофалам само Војводиќ и голманот Ефендиќ кој што одбрани пенал и неколку чисти ситуации инаку ќе губевме 7-8 разлика.
 
Последно уредено:
Не успеавме и на Борац да му се спротиставиме, ни да му се спротиставиме а камоли да се надеваме на победа.
Многу лошо одиграа дечките, се беше катастрофа, никаква борбеност и никаква желба да се оствари поволен резултат и да се надигруваат.
Одбраната ни ја пробиваа како сакаа, си го играа ку*от со нас, разни акробатски додавања до пикерот, голови од 10-11 метри.. овој Металург денеска беше циркус , а да не го заборавиме рангот на противникот.
Мотивацијата во тимот е многу лоша, играат колку да им помине времето, како Лино воопшто да нема удел во тоа што се случува.
Единствено новиот голман ме бендиса денеска, имаше околу десетина одбрани, одбрани и 2 седмерци, добра двојка би биле со Николче понатаму.
Вргоч со таа висина и снага може да биде одличен пикер но ова момче го мрзи што живее, не случајно го испратиле во Финска да игра каде ракометот го играат можеби рекреативно.
Бековите сите беа лоши освен овој Војводиќ, за среден бек одигра солидно денеска.
Жално е што покрај настаните кој го стресоа клубот се потпреа на младите деца од Металург, тие деца останаа кога беше најтешко.. кога бевме пред распаѓање..
Јасно ни е сите дека се млади и дека никогаш не добиле вистинска прилика за докажување пред тоа.. но со доведувањето на странците им се заземени местата во првиот тим, и мотивираноста во клубот е катастрофална со новите засилувања.
Лино изјавил после утакмицата дека проблемот бил во тоа што не биле воиграни, се надевам да е така и во најбрзо време да се реши овој проблем.
 
Колку само лесно примаме голови.. неможеме да направиме акција и со играч повеќе, пикерите ни се очобол.. една топка не стигна до нив.
Која разлика ја има меѓу нашите "таленти" Крстевски , Манасков до Голубовиќ и Војводиќ.. Лино им дава шанса но овие се безидејни во нападот.. се се чека на Голубовиќ.
Од 5 шута Манасков погоди 1 и тоа беше се, Маџовски е подобар за нијанса од нив, има добри додавања.. но на Вовојдиќ може вода да му носи.
Поразот е јасен ... не ни треба Ф6 во лигата, само се резилиме и ништо повеќе, да се фокусираме на домашното првенство па следната сезона со подобри засилувања да бидаме барем тврд орев.
 
Едно само не ми е јасно врз основа на што Червар и управата на Металург не убедуваа дека имаме талентирани младина со светла иднина, дека нивната школа е извор на таленти и што ли не се наслушавме. На крај излезе дека освен еден или два исклучоци дечките кои сега се од 18 до 22 години се еден обичен проесек ако не и под просек со оглед на тоа што Металург само до пред година дена беше во врвот на европскиот ракомет. Вакви ракометари кој Металург ги најавуваше како иднина на македонскиот ракомет во Хрватска и Србија па дури и од Словенија и Црна Гора на пример има со ЛОПАТА да ги ринеш. Тоа се гледа по фактот што момците од Металург и покрај тоа што веќе поодамна тренират во школото на Металург и покрај тоа што клубот го напуштија сите сепак се резерви на деца од Хрватска и Србија кои се донесоа од немај каде да пополнуват дупки а генерациски се на возраст колку нашите „деца„ кои и не се веќе деца.
Не сакам да ме разберете погрешно дека ги критикувам нашите млади играчи или пак дека го критикувам Металург единствен работа која ме револтира е постојаното најавување на Металург за некакви таленти и некоја иднина на Мак ракометот за на крај да видиме еден обичен просек.
 
Што мислите на која сметка ве убедувале?
На сметка на "ракометните познавања" на ракометните фанови на кои им е битна само националноста на ракометарите :)
 
Едно само не ми е јасно врз основа на што Червар и управата на Металург не убедуваа дека имаме талентирани младина со светла иднина, дека нивната школа е извор на таленти и што ли не се наслушавме. На крај излезе дека освен еден или два исклучоци дечките кои сега се од 18 до 22 години се еден обичен проесек ако не и под просек со оглед на тоа што Металург само до пред година дена беше во врвот на европскиот ракомет. Вакви ракометари кој Металург ги најавуваше како иднина на македонскиот ракомет во Хрватска и Србија па дури и од Словенија и Црна Гора на пример има со ЛОПАТА да ги ринеш. Тоа се гледа по фактот што момците од Металург и покрај тоа што веќе поодамна тренират во школото на Металург и покрај тоа што клубот го напуштија сите сепак се резерви на деца од Хрватска и Србија кои се донесоа од немај каде да пополнуват дупки а генерациски се на возраст колку нашите „деца„ кои и не се веќе деца.
Не сакам да ме разберете погрешно дека ги критикувам нашите млади играчи или пак дека го критикувам Металург единствен работа која ме револтира е постојаното најавување на Металург за некакви таленти и некоја иднина на Мак ракометот за на крај да видиме еден обичен просек.
Целосно се согласувам со твојот пост, во овие деца нема никаква светла иднина, можда ги форсираат толку многу затоа што знаеме дека во нашата лига не се посветуваат многу на младите ракометни играчи а академијата на Металург малку е на повисок ранг од другите.
Јасно се увиде уште кога беа декласирани и од Борац дека ништо нема да биде од овие деца.[DOUBLEPOST=1426462481][/DOUBLEPOST]Најкоректно спрема нив ќе биде доколку Лино им овозможи сами да си ја завршат сезоната, бидејќи кога сите си заминаа тие останаа верни на клубот и се потпреа на нив.
Ако планираат нешто по озбилно за следната сезона мора да се носат странци, квалитетот во младината го немаме, стварно ме нервират тие изјави од типот не биле воиграни, стекнувале искуство .. а децата покажуваат анти-ракометна игра, се мачат да дојдат до шут и никаква акција не прават, како во нападот исти случај е и во одбраната.
 
Последно уредено:
Што мислите на која сметка ве убедувале?
На сметка на "ракометните познавања" на ракометните фанови на кои им е битна само националноста на ракометарите :)

затоа е тука вардар
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom