Фан клуб - РК Металург

Нека го стае Талески сеа шо се глупира секако е изгубена утакмицата
 
Дебили не видени се, како може да не го стави Талевски не ми е јасно...
.
Червар намерно не го менва , чека да колабрира Номче.:giggle:
Ќе ги остај до крај во игра пучистите , за да се избламираат до максимум.
 
Поголемиот дел од натпреварот се држеа во егал, при крајот се изморија, едноставно со исти играчи неможе цел натпревар да се изигра, се разбира Лино ништо не смени туку остави слободен пад, дури ни тајм аут не викна кога беше најпотребно. После се што се случи изминатиов период можам само да им честитам на момците за мотивот и борбата што ја пружија на овој натпревар (y)
 
Последно уредено:
Тоа е тоа, со тие сили толку, се понадевав во првото полувреме дека можеме да направиме нешто но не излезе така, се изморија играчите а нема никакви соодветни замени за нив.
Ренато добро одигра во првото полувреме, но човекот е 40 годишен, од кај на него кондиција за да одигра 2 полувремиња на ниво?
Червар пак со глава во ѕид, Талевски на клупа цела утакмица, не го повика Неловски, никакви решенија на бековската линија, едноставно тоа е.
Ванчо одигра добро во прво полувреме но во вториот дел го снема, оваа килажа и возраст не дозволуваат повеќе.
Николче е просек, ништо повеќе, може да има една добра партија од 10, неможеме да се потрпеме на него, Мисовски е пензионер но да добиеше шанса подобар ќе беше од Николче.
Веќе и официјално немаме никакви шанси за влез понатаму во ЛШ, ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму.
 
Последно уредено:
гледаш червар не се замараше ни нервоза ништо,
сакаа да играат - ете им нека играат толку се добри ѕвездите
 
Првпат го гледам Червар онаков. Едноставно не се замараше, се гледа дека не му е веќе до ракомет. Како и да е, огромна загуба за Металург, по неговото заминување му давам уште една година на клубот до целосно распаѓање. Ќе продолжат валда само со младинските категории. Тој што ќе рече дека Червар не чини, нема појма од ракомет, без разлика што претеруваше со некои изјави. Тоа може да се увиди од последните заминувања и трансфери. Чесен пораз мора да се каже.
 
Јас мислам дека Мојсовски сам не сакаше да излезе, оти растураше на терен, сигурно имаше 4 голови од 115 шута, што и не е така лоша реализација. Изгледа Червар веќе не се замара, ама во одбрана наместо Јоновски/Маркоски, требаше да се игра со Кукоски/Маркоски...
 
Каков резултат, какви изгубени шанси за за поминување на групата, после дешавките во изминатиов период. Сите чекаат да се доиграат преостанатите утакмици од ЛШ заради санкциите а потоа на ремонот екипата.

Што може да направи тренер во ситуација кога не е прифатен од екипата, осем да гледа ракометна утакмица и ништо повише. Со оглед на обвинувањата дека дел од претходно изгубените утакмици можеле да се добијата, тренерот ги остави да го оправдаат кажаното!Опсс моја гешка, правите тренери и менаџери беа на терен и играа ракомет :facepalm: само уште и спонзор да да се појавеше меѓу нив и ке беа мултифункционална екипа :icon_mrgr:.

Во услови кога во екипата атмосвера наликува на пограбална, банално е да се прави анализа на утакмица. Него како можеше коментаторот на Алафа да лупа глупости ц.ц.ц изгледа заборава дека утакмица се игра 60мин а тој после 20мин изјавува глупи изјави. Само со мк играчи тешко дека ке ги минемие квалификациите да стигнеме во гупна фаза на ЛШ! Ова е клуб а не репрезентација, иако во последно време скоро да нема репрезентација во која што нема натурализиран играч. Зато нека заеби со патриотски изјави, мада ова нема блага врска со патриотизам. Играчите ги бранат клубските бои а клубовите се македонски. Само за потсетување на странските изјави „Скопје/Македонија дава 3 екипи во ЛШ" сигурно кога нема да има ни една екипа ке бидеме најголемите патриоти (патриотизам е да се сака и да се подржува а не да се уништува) и затоа без залажување .

Нека завршат уште преостанативе мечеви па клубот што побрзо да им се заблагодари на одредени поединци за доприносот на спортски план. А неспортскиот допринос останува на совеста. Се надевам дека управата нема да ги дискредитира и дека нема да има медиумски циркузи со препукувања. Би било добро да има ремонт и во управатаа. И тие имаат одговорност што не го предвидоа и спречија ова сценарио. Можеи знаеа а мудро си премолчуваа тргаки се настрана како неби завземале страна а забораваат дека токму тие се платени за да се грижат за поредокот во клубот а не спонзорот да преговара и да им е брка работа, килава работа и лабилен однос нема што друго да се каже. И памет за друг пат проблемите не се одложуваат и не се кријат под перница туку се решаваат на време! Секое понудено решение е подобро од од игнорирање на проблемот, по можност да е навремено.
 
eпа од лупање во гради дека главно се македонски играчи во тимот се стига до ова дереџе... Кога ќе разберат дека РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН спорт со КЛУБСКИ не се меша тогаш може ќе се има успех....Најуспешните клубови во свет воопшто не им смета што 60-70% им се странски играчи и нивните фанови не се бунат...кај нас се најдоа најпаметни тоа им смета .... eпа нека се лупаат па во гради...па не Ла Риоха и тинекс пролет ќе ги тепаат....
И не го бранете лино како тоа не му било гајле и во право е...колку што се криви ѕвезди што глумат играчите...толку е и крив лино со некои негови идиотски одлуки што ги имаше пред се ова да се деси.....мора многу работи да се сменат во металург за бар да се врати како што беше...огромна грешка беше што се ослободија од толку млади и талентирани играчи....имаа тим за иднина и тоа доста солиден тим..ама се срушија..
 
И покрај СЕ да го кажеш ова треба навистина да си голем човек

ЛИНО ЧЕРВАР: НИКОГАШ НЕМА ДА КАЖАМ ЛОШ ЗБОР ЗА МЕТАЛУРГ

Констатирајќи дека полошо од ова не може, Металург ја остава зад себе кризата со која јавноста се занимаваше изминативе две недели и со она што му остана од екипата в сабота против Ла Риоха (19 ч.) ќе се обиде да ги освои првите бодови во Лигата на шампионите сезонава.

B792EB35FBEFD74A9BE1EAD5355928F4.jpg
Тренерот Червар е свесен дека со заминувањето на странците потенцијалот на екипата сега е преполовен, но, истовремено, е импресиониран од реакцијата на играчите на мечот во Шпанија минатиот викенд.

- Јас верувам во нивните волја, желба и инает. На крајот, играчите се тие кои мора да го подметнат грбот за клубот. И покрај поразот во Шпанија, задоволен сум како се бореа и пресуди само тоа што немавме широчина во тимот. Па, првата алтернатива за бековската линија ни беше 19-годишниот Талески - вели Червар.

Тој истакна дека ништо не може да го оцрни она што го доживеал во Македонија.

- Имам преголема почит кон играчите и клубот и никогаш нема да кажам лош збор за нив, ниту ќе ги заборавам годините поминати во Скопје, во кои се доведовме во ситуација на сите клубови да им биде привилегија да го победат Металург. Македонија е мојата втора татковина. Никаде не сум се чувствувал така ракометно добро како во Скопје. (Г.К.)
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=1E1E6475001D644C8061612D9CD0574D


Од целата ситуација најмногу настрада Червар човек кој имаше визија за Маталург и македонскиот ракомет воопшто. Врз негов грб се направија сите младински школи кои допрва треба да дадат резултати секако ако после оваа криза и тие опстанат,
 
Колега од Автокоманда ми кажува дека Мукаетов веќе го превземал клубот, барем такви муабети се шират таму низ населба.

Со оглед на тоа дека Коњаникот мислам го збореше ова пред некое време може и да е точно.
 
ако е точно дека Мукаетов го презел Металург штета шо Обрван замина во Шамбери.. одлично ќе беше тој да го преземеше Металург после се поизвесното заминување на Червар.. прво шо треба да направи Мукаетов е да го исчисти клубот од лешинари од типот на Левче и компанија..
 
Најголема грешка на Металург ке биде да го отпуштат на Червар затоа што човекот е светска класа на тренер.Видете само какви играчи од овие простори им донесе тотални анонимци беа за нас барем Циндрич,Борозан итн кои се и те како перспективни играчи за во иднина и сеа за сметка на дотрошени играчи со како шо некој спомна астрономски плати за наши услови клубот загуби веке многу ако и Червар го загубат загубиле премногу.Да типот малце е досаден со неговиве изјави околу тоа иаме најмногу играчи од Македонија дрн,дрн веке познати негови изјави кои се повторуваат али знаењето негово е големо тешко дека ке најдат тренер од таков калибар.Спред мене не е оној тој што треба да го напушти клубот туку некој играчи на кои времето им помина а живееат како бубрег во лој и ако раскинат договор со Металург ке завршат во којзнае какви тимови
 
ништо официјално,
и мукаетов рече дека не планира да инвестира во клубски ракомет - само репрезентациј
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom