Фан клуб - РК Металург

Браво за момците! штета што не водиме 2-3 разлика, промашени 2 зицери и 1 пенал, но што е тука е, се надевам дека ќе ни донесат радост!
Ванчо Гризе ! ! ! :D
 
Супер полувреме, само прашање е колку ќе можат да издржат Миркуловски и Вугринец, бидејќи 30 минути играа во двата правци.
Инаку полош пренос на еден натпревар во ЛШ, во нити еден спорт немам видено. Време не се мери, време на исклучени играчи исто така, насреде напад ја даваат публиката...:facepalm:
Овај Момировски кобник невиден е, и коментира како што му чини него, не како што е реално.
 
Металург со едната постава што ја има сигурно ќе ја помине групата, си стојам на тој став, без разлика на играчите што си заминаа :icon_mrgr:
Ла Риоха не ги сметам за екипа, бетер се од Чеховски Медведи, така да според мене Металург може и мора да победи денеска. Да беа комплетни денес со 10 разлика ќе тепаа.
ПСЖ и Кил се недостижни за сите, Загреб со победата против Кил ваљда си загарантира место понатаму.
Ла Риоха нема што да бара според мене иако славеше и против Загреб и убаво го растури Брест Мешков.
Мислам дека ќе бидат демолирани на сите гостувања...
Металург треба да ќари највеќе од поразите на двата конкуренти (Загреб и Мешков) кај Ла Риоха и со бар еден бод освоен денес, со победи против Загреб и Мешков дома, не само што ќе го загарантира пласманот понатаму, туку би требало и трети да завршат ако го совладаат Загреб со поголема разлика.
А на домашен терен не би требало да изгубат некаде...

Е сега, ако се повреди некој од стартната бековска тројка, особено ако тоа е Миркуловски или Вугринец, тогаш ги очекува само потоп и ништо друго. Во осминафинале, се освен потоп би било изненадување :D
Oсвен ако не донесат некои нови играчи дотогаш или ако се врати некој од странциве ;)
 
Многу јак пеналџија Вугринец, нема што, кога и да го стават да шутира има сигурно по барем еден утнат пенал. Али класа асистент, Металург треба да се моли да не се повреди. Само поради него играат добро во напад.
 
Убаво рече Перо, никад немал над 7 одбрани....

Добро, ретко и кога играл по цели утакмици, колку што знам ама на цела утакмица да немаш над 7 одбрани, комедии...
 
Катастрофа во вториот дел. Не ми се ни гледа како не ебат.
 
Лино упорно со иста бековска постава цел натпревар, да менуваше порано ќе речев дека не му е гајле моментално, али сега не знам дали не му е гајле или повторно го има истиот инат. Штета за Филип, ни со ваков тим не добива шанса да игра...
 
Лино упорно со иста бековска постава цел натпревар, да менуваше порано ќе речев дека не му е гајле моментално, али сега не знам дали не му е гајле или повторно го има истиот инат. Штета за Филип, ни со ваков тим не добива шанса да игра...
Дебили не видени се, како може да не го стави Талевски не ми е јасно...
Ни го земаа Кукоски, за што?
Човекот паркетот уште го нема осетено...
И он има добар удар, комотно може да го поигра напред, кога веќе ги испобркаа цел тим.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom