И покрај СЕ да го кажеш ова треба навистина да си голем човек
ЛИНО ЧЕРВАР: НИКОГАШ НЕМА ДА КАЖАМ ЛОШ ЗБОР ЗА МЕТАЛУРГ
Констатирајќи дека полошо од ова не може, Металург ја остава зад себе кризата со која јавноста се занимаваше изминативе две недели и со она што му остана од екипата в сабота против Ла Риоха (19 ч.) ќе се обиде да ги освои првите бодови во Лигата на шампионите сезонава.
Тренерот Червар е свесен дека со заминувањето на странците потенцијалот на екипата сега е преполовен, но, истовремено, е импресиониран од реакцијата на играчите на мечот во Шпанија минатиот викенд.
- Јас верувам во нивните волја, желба и инает. На крајот, играчите се тие кои мора да го подметнат грбот за клубот. И покрај поразот во Шпанија, задоволен сум како се бореа и пресуди само тоа што немавме широчина во тимот. Па, првата алтернатива за бековската линија ни беше 19-годишниот Талески - вели Червар.
Тој истакна дека ништо не може да го оцрни она што го доживеал во Македонија.
- Имам преголема почит кон играчите и клубот и никогаш нема да кажам лош збор за нив, ниту ќе ги заборавам годините поминати во Скопје, во кои се доведовме во ситуација на сите клубови да им биде привилегија да го победат Металург. Македонија е мојата втора татковина. Никаде не сум се чувствувал така ракометно добро како во Скопје. (Г.К.)
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=1E1E6475001D644C8061612D9CD0574D
Од целата ситуација најмногу настрада Червар човек кој имаше визија за Маталург и македонскиот ракомет воопшто. Врз негов грб се направија сите младински школи кои допрва треба да дадат резултати секако ако после оваа криза и тие опстанат,