Фан клуб - РК Металург

Дали постои опасност ако Металург не се пласира во четвртфиналето, да го загубиме второто место во Лигата на Шампионите?
И после Металург нека игра во ЕХФ со Војводина за кикирики. Неверојатно непромислени потези од управата на Металург, за мене несфатливи.
 
Дали постои опасност ако Металург не се пласира во четвртфиналето, да го загубиме второто место во Лигата на Шампионите?
И после Металург нека игра во ЕХФ со Војводина за кикирики. Неверојатно непромислени потези од управата на Металург, за мене несфатливи.
Уште немаме две места во ЛШ, така да не може ништо да изгубиме. Можеби ќе добиеме две места, од следна сезона поради предходните успеси, ама не е ништо сигурно.
 
Претпоставував дека оваа сезона во ЛШ нема да биде лесно, нема ниту еден аутсајдер, сите екипи се во игра и во квалитетот се исти само Кил и ПСЖ се класа погоре, во Загреб ќе биде екстра тешко да се победи, загребашите сигурно ќе дадат се од себе да не победат и да ја искористат ситуацијата во која што се наоѓаме, но ова е натпревар и за нас да се биде или не сметајќи дека следната утакмица ја играме против Кил на домашен терен и таму немаме шанси за победа.. ако загубиме во Загреб и од Кил со 4 порази ќе бидеме заковани на дното..
Ах каде е тој Металург каде што минатата сезона секој противник го гледаше со респект, каде е тој Металург што ги собори гигантите ПСЖ, Барселона, Колдинг и Вардар..
Оваа сезона влеговме со посилен состав но се појавија овие нерезонски проблеми, клубот очигледно е во финансиски проблеми штом сеуште не им се исплатени платите на клучните играчи во тимот, Лино дури и не ги повика минатата утакмица, играчите играат без мотивација но се надевам дека во текот на оваа недела ќе се смени нешто и во сабота ќе одиграат со сите сили, се надевам дека Лино како лидер на оваа екипа добро ќе ја припреми и ќе ги повика играчите од кој зависи Металург, треба да им се даде шанса и на Талевски и Неловски, жално е вакви таленти да не се наоѓаат ниту во резервите, треба да ја одбрани честа тимот и да одигра повеќе од своите можности за да ги израдува овие верни навивачи кој што секогаш го бодрат..[DOUBLEPOST=1412713962][/DOUBLEPOST]Таму ќе не очекува пекол..
http://ekipa.mk/zagrepchani-gi-mola...vivachite-za-polna-arena-za-da-padne-metalurg
 
Последно уредено:
Ах каде е тој Металург каде што минатата сезона секој противник го гледаше со респект, каде е тој Металург што ги собори гигантите ПСЖ, Барселона, Колдинг и Вардар..

Зарем не гледаш дека Металург тргнал по стапките на Кометал Ѓорче Петров?

играчите играат без мотивација но се надевам дека во текот на оваа недела ќе се смени нешто и во сабота ќе одиграат со сите сили

Не да се надеваш дека ќе се смени, туку на играчите да им се даде плата! Толку ли е тешко да се разбере тоа? Жртвуван натпреварот во Мешков, жртвуван во Загреб, после ќе изгубат од Кил? И што повеќе? Тим кој е граден со години да биди респектабилен во Европа некои с...ерковци го упропастија за еден месец.

Толку од Металург. Догодина нека играат дерби-натпревари со Пролет.
 
За жал така е, го упропастија тимот..
 
Неиграњево на Манасков е проблем за Металург со оглед на тоа во каква ситуација се наоѓаат.

Станиќ и Атман ги вратија од одморот?

У сабота играат мислам.
 
Штета за Станиќ - феноменален голман. Одамна се гледаше дека ќе го шутнат и тоа и` го направија. Those bastards :mad:
 
Колку ниско од еден клуб, ако планираа да го прекинуваат договорот со него не требаше да брани ни против ПСЖ. Голман од негова класа сега цела година нема да брани ЛШ, нека се засрамат!
 
Голман од негова класа сега цела година нема да брани ЛШ, нека се засрамат!

Можеби и не сака да брани во ЛШ, можеби ќе оди во Катар и тогаш нема значење бранењето против ПСЖ.
 
Конечно Никучот ќе стани прв голман на некоја екипа во кариерата.:giggle:
Чекаше , чекаше ама дочека...:D
Што се нема истрпено кутриот во кариерата.
 
Колку ниско од еден клуб, ако планираа да го прекинуваат договорот со него не требаше да брани ни против ПСЖ. Голман од негова класа сега цела година нема да брани ЛШ, нека се засрамат!
Ако Станиќ преговарал со некој клуб што игра ЛШ а овие го заебаа вака тогаш стварно ниско.

Иако не сум изненаден пошо Лино наметна таков лингурски однос.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom