Едно е вистина, а тоа е дека на играчите им се доцни со платата.
Да не беа вистина натписите во спортмедиа или во спорт (весник кој не е поврзан со Вардар, за разлика од спортмедиа), досега сто пати ќе демантираа од Металург, како што го правеле тоа во минатото.
Изјави на Мојсо имаше во Екипа, а екипа.мк знаеме колку се против Вардар (и влечат на страна на Металург) откако им беше забранет влез на пресот на Вардар лани, што значи дека сигурно не напишале нарачана статија

Ни од екипа.мк не демантираа ништо, туку само искочија со скромно соопштение дека ситуацијата се решила, а подоле во текстот пишуваше дека играчите ДОБИЛЕ ВЕТУВАЊЕ дека ќе бидат исплатени, што е многу различно од тоа дека биле исплатени.
Станиќ, Атман и Вугринец мислам дека секако не ги планираат за наредна година. Станиќ веќе одамна сака да си оди и не верувам да остане, освен ако не дојде некој побогат спонзор и ако самиот клуб имажелба да го задржи. Ако е вистина ова дека не ги зеле во составот, значи има некои несогласувања во составот, и постариве странци не сакаат да играат за без пари.
Ама веќе се поебаа, изиграа една утакмица во ЛШ и Станиќ и Атман, па оваа сезона не знам колку ќе бидат интересни за екипите кои играат во ЛШ, со оглед на тоа што ќе немаат право на настап. Од друга страна и Металург не би имал корист од нерасположени играчи...
Мојсо крека за пари, он не остана во Вардар и пропушти можност како капитен да ја предводи екипата во Лш и со тоа да се продаде во странство за да оди за многу повеќе пари во Металург, така да не е ништо ново ова за него

Од друга страна, разбирливо е што си ги бара парите, зошто некој би играл за без пари?
Другиве сигурно не земаат којзнае колкави плати и веројатно клубот може да им ги подмири. Младите странци го гледаат Металург како отскочна даска за во иднина, особено што како стои работава со останатите играчи, може одеднаш да се најдат како предводници на составот. Миркуловски е дете на клубот и ваљда нема да им прави проблеми и да се буни, а и другите Македонци не верувам да би нашле подобра опција од Металург во овој дел од сезоната, така да проблеми може да им бидат само Станиќ, Атман и Мојсо

Вугринец ми е е енигма
Ми личи дека Минчо лека-полека ќе се откажува од спонзорството и ќе му го отстапи главниот збор на некој друг, како Мукаетов и Алкалоид на пример
