Фан клуб - РК Металург

Прес конференција пред натпреварот Металург - Татран Прешов.
Според Лино 73% оваа сезона ќе бидат македонски играчи(Маџоски, Мартин Манасков, Костески, Талески, Нелоски, Пешевски) а 40% од сите играчи ќе бидат на возраст меѓу 18-22 години.
Наумче Мојсовски: “Подготвен сум за настап. Работев напорно изминатиот период. Целосно сум рехабилитиран и се чувствувам одлично. Тренирам со екипата и се надевам дека ова ќе биде последна повреда. Сепак, не смееме да заборавиме дека повеќе од шест месеци бев надвор од теренот. Не настапив во Струга, бидејки подлогата на тоа игралиште е ризична за рековалесценти и во договор со тренерот Лино Червар решивме да го пропуштам турнирот, па затоа едвај чекам утре да излезам на терен. Имаме квалитетен состав, со искусни и млади играчи, каде главна цел ќе ни биде успешно да ја минеме групата во Лигата на шампионите и да влеземе во елиминациските натпревари. Сакам да почнеме со победа, но нема да биде лесно. Татран минатата година ни создаде многу проблеми во СЕХА-лигата, но ќе дадеме се од себе за тоа да не се повтори и сезонава.

СЕХА, како и минатата година, не ни е приоритет и ќе ни служи за воигрување. Ваквите натпревари пред меч во Лигата на шампионите ќе ги играме со сите сили, за да влеземе во форма, а понатаму ќе биде полабаво.

Во однос на домашното првенство, фаворит за титулата е тимот на Вардар, кој се засили на многу позиции, но ние ќе се потрудиме титулата да не замине од Автокоманда“
 
Последно уредено:
Како ли ги пресметаа тие ебани проценти :facepalm: иронијата да биде поголема е што џабе ветувања кога пак тие 27% играчи од странство ќе играат поголем дел. И патетики живи се веќе секоја година ако толку не ја признаваат зашто тогаш воопшто играат или е предвремено алиби за евентуален неуспех ако се види квалитетот на лигата особено оваа година не би рекол дека треба лигата да се смета за несериозна. Червар и неговите жалнопјки во најава
 
Милијарда пати досега Червар го спомнува немањето услови и сала . А од друга страна не испушта да го испофали Минчо. Сите знаеме дека Минчо ако сака има финансии да изгради центар како оној на Самсоненко сигурно ќе добие и пордшка од општината и владата комуналии , дозволи за градба ти реков ми рече. Но не е коректно секогаш да се повикува владата како нивна должност да е да им изградат сала на Металург.[DOUBLEPOST=1409340575][/DOUBLEPOST]
И патетики живи се веќе секоја година ако толку не ја признаваат зашто тогаш воопшто играат или е предвремено алиби за евентуален неуспех ако се види квалитетот на лигата особено оваа година не би рекол дека треба лигата да се смета за несериозна. Червар и неговите жалнопјки во најава

Рече човекот дека лигата е добредојдена за „челичење„ на помладите. Тоа неможе да му се забрани ниту на еден терен и го има во сите спортови каде што однапред се одредуваат приоритетите. Напротив јас мислам дека тоа што го прави Червар е стратешки многу добро и одлична можнсот за помладите играчи. Што се однесува до тоа кои играчи колку време ќе добијат на теренот не зависи дали се од Македонија или од надвор туку зависи од нивните квалитети. Факт е дека на толкав процент тој им овозможил да учествуваат во првата екипа и да собират искуство. Може многу да дискутираме за ова или за она. Еве погоре пишав за салата. Но да се дискутира за тренерските и стратешките квалитети на Червар мислам дека само инает и зајадливост. Од друга страна истиот Червар на Вардар го утепа минатата година иако Вардар има многу поскапи и позвучни имиња. Ќе видиме оваа година јас и на двата клуба им посакувам успех . Сепак мислам дека Червар и Металуг многу повеќе прават за македонските играчи отколку Вардар кој е 102,5 % потпрен на увозни играчи. Но и таков каков што е ќе има секогаш моја подршка затоа што сепак се работи за македонски клуб.
 
Последно уредено:
Како ли ги пресметаа тие ебани проценти :facepalm: иронијата да биде поголема е што џабе ветувања кога пак тие 27% играчи од странство ќе играат поголем дел. И патетики живи се веќе секоја година ако толку не ја признаваат зашто тогаш воопшто играат или е предвремено алиби за евентуален неуспех ако се види квалитетот на лигата особено оваа година не би рекол дека треба лигата да се смета за несериозна. Червар и неговите жалнопјки во најава
На мене одма бан ми ргнаа на нивната страна, а вардарците тука си јадат гомна колку сакаат и никој ништо не им прави....модераторо сигурно е некое вардарче, јас да бев 1000 бана ќе рокнев, масакр ќе ве направев...
 
Комита е главниот модератор на подфорумов, плус 3те супермодераторки истотака се Вардарки и уште 2ца ретко активни модератори се Вардарци... Има и уште неколку само не признаваат. :D
 
Комита е главниот модератор на подфорумов, плус 3те супермодераторки истотака се Вардарки и уште 2ца ретко активни модератори се Вардарци... Има и уште неколку само не признаваат. :D
И затоа на нас банови, а на вардарци слободно им е се дозволено....ама не знам ли јас па да направам 5-60 профила ноќеска и утре да ги тероризирам страните РК и ФК Вардар...
 
И затоа на нас банови, а на вардарци слободно им е се дозволено....ама не знам ли јас па да направам 5-60 профила ноќеска и утре да ги тероризирам страните РК и ФК Вардар...
Па вака ко шо те читаме, тешко дека тоа ќе е нешто ново :D
 
И затоа на нас банови, а на вардарци слободно им е се дозволено....ама не знам ли јас па да направам 5-60 профила ноќеска и утре да ги тероризирам страните РК и ФК Вардар...
И летмиси така напрај :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom