Еве јас ќе ти кажам и тоа одма

Четворицата се големи таленти ДА ! Само треба асолен тренер кој треба да работи со нив, со овие тренери моментално шо ги има Пелистер јас мислам нема ништо да напрат децата, друга варијанта е да се пуштат негде на ПОЗАЈМИЦА да се калемат, а не да се продат за ефтини пари..
Од четворица се префрлени во првата екипа на Пелистер, можам да кажам дека од овие 4 најдобар е Дрогришки, страшен играч, за овај гарантирам со глава дека ќе биди репрезентативец ! Лев бек висок играч, игра само напад, а ако не се лажам и сите 4 играт само напад, БОМБА удар има шо е број 1 кај него, само слаб е на мускулатура, треба работа со овај играч, ама беше многу форсиран во Пелистер, сега дали имаше пријатели (а највероватно и ги имаше) како и да е добиваше многу минутажа за разлика од другите и дојде резултатот и сега си зеде и стандардно место во екипата на само 19 години ! Има работа уште од него а уште од сега кажвам ќе биди голем играч!
Кузмановски игра среден бек, исто висок играч, добар удар, само сега последните неколку месеци не играше ја имаше скршено раката, па така пропушти добар дел, сега го немам гледано...
Рајатовски ми е другар, школски, се познаваме подолго време, цел живот му помина во ракомет
Десен бек, леворак, новиот Киро Лазаров 
Добар талент, добар играч, само не добиваше минутажа во сениорите на Пелистер, си ги форсираја нивните таму, овај како да му испадна во комбинација за прв тим, ама затоа во младинците си газеже, таму беше незаменлив секоја утакмица по 7-8 гола. Плус заедно со Дрогришки лани беа земени за Македонија младинците во Босна на турнир !
Чурлевски година-две е постар од претходните тројца, значи има негде 20-21 година, исто среден бек, само негов најголем проблем е ВИСИНАТА, низок играч е, за бек треба висина, овај некој стил ти е ко Наумче не многу висок играч, ама е многу добар на финта 1 на 1 нема шанси да го запри некој...
Имаме добри деца од кој мислам дека ќе биди нешто, само треба добар тренер и работа со нив !!!