Колку фали Ракчевиќ сега се гледа....со него има да кинеа на линијата,вака од таа позиција нема речиси никаков проток на топка....
Ако налетаат на екипа која има касапи во одбрана и одма бековите чркипат зошто нема кој да им направи простор да упатат некој поотворен шут...
Добро е шо Станиќ се разбрани баш кога требаше,некаде околу 40 минута ја откажа атмосферата,иначе како шо дојдоа на +6 некаде во 35 минута,ако не се разбранеше Станиќ ќе заминеше утакмицата...
Уште еднаш се докажа колку е важно да имаш голман,живи топки фаќаше на играчи како Шулц и Лархолм....

Добар е Металург,посебно се гледа колку е различна играта со Манасков во тимот,за разлика од лани со Коражија,сега барем имаат контра....
Иначе прилично тешка група...далеку потешка од претходните две сезони,дури сега ќе ја видиме вистинската сила на Металург....нема повеќе индијански екипи како Ст Петерсбург,Силкеборг....
Псж,Барса се е кажано....
Вардар исто...
Минск е по имиња можеби посилен од лани..покажаа на тешкото гостување денес во Прешов колку се добри....
Им замина Атман,ама изнакупија еден куп нови играчи пред се Шелменко од Медведи,Нинчевиќ од Фуше,Миклавчиќ,Бомбач од Копер,Агирезабалага од Барса....Дамир Доборац од Магдебург....
Плус останаа од лани Никуленкау,Рутенка,Пејановиќ...
Ќе бидат многу опасни...
И на крај Шварцарците,Вакер Тун...овие ќе бидат тотални аутсајдери....
Овие се енигма колку можат,немаат некои познати играчи во екипата...по еден Грк,Хрват и Србин и тоа е од странците...прилично анонимуси..
Ама штом го скинале Кадетен изгледа не се лоши толку,барем на домашен терен да направат беља за македонските екипи и за Минск,Псж и Барса ќе поминат како експресен воз...
Како и да е,интересна група....