Фан клуб - РК Металург

:icon_mrgr:
Делумно си во право, за салата ок, нема да им пречи ни на Металург, ни на Вардар, но потегот за забрана за организирано навивање е очигледен, тука имаат улога и од клубот, кукавички потег и не смеат да не одвојат карти за гостински навивачи, бидејќи Борис ги исполнува условите. Така да не може да се очекува ни од Вардар да доделат карти за Пирати кога Вардар ќе биде домаќин..
Инаку Комити, ќе навиваат на РК Вардар, така да не е дека ќе немаше, 1-2 000 сигурно ќе имаше али ајде...:)



Забраната за навивачи доаѓа од горе, а од горе кога ќе ти вратат допис нема шала :), Не верувам дека некој не би идел против таква одлука, без разлика колкав буџет има екипата. Карти за гостински навивачи мора да има, според правилникот на СЕХА лига 100 карти мора да припаднат на гостинската екипа. Исто така СЦ Борис Трајковски се јавува како организатор на натпреварот и они ќе ги продаваат картите (од претходно што сум гледал, они соработуваат со МК Тикетс, така да секој слободно ќе може да си купи карта).
Околу целата забрана за групно навивање до негде ја подржувам, дека кај нас нема фер навивање, односно да го бодриш тимот, кај навивањето се заснова на мајкати ова, бабати она(да не го спомнувам банерот на Пиратите во Автокоманда, три капки крв ...). Некогаш и на возрасен човек да му се слоши. Со исклучок на Вардар-Тетекс, каде што стварно постои фер навивање.

А и најверојатно ќе се игра од 17:30 :) Последната информација што ја слушнав од МТВ.
--- надополнето: 31 август 2013 во 10:13 ---
Најубаво нека ја наместат и утакмицата нерешено да заврши, ете 50:50 за да ужива публиката во повеќе голови, без одбрана може да се игра.


Е тогаш ќе завршиме во сите странски спортски весници :D
 
Околу целата забрана за групно навивање до негде ја подржувам, дека кај нас нема фер навивање, односно да го бодриш тимот, кај навивањето се заснова на мајкати ова, бабати она(да не го спомнувам банерот на Пиратите во Автокоманда, три капки крв ...). Некогаш и на возрасен човек да му се слоши. Со исклучок на Вардар-Тетекс, каде што стварно постои фер навивање.


Па и не се согласувам баш, 90% од утакмицата се пее за Вардар, за Металург освен "Никој како тебе друг" и не се пеелео во последно време, сепак ривалитет е, се играат драматични натпревари, се пали публиката, но не е баш како ти што велиш. Салата си има посебен дел за навивачи, кој сака, кој може нека навива, кој не сака ќе седи на другите трибини. :) Во Борис има уште 3 трибини, па дури и под таа на која што навиваат Комити, не верувам дека на некого ќе му смета па уште не дај боже да му се слоши. :) Во Кале јужната е за Комити, северната е за обична публика.
Ако навивачите (Комити) треба да имаат забрана за навивање, тогаш пола ваш тим треба да добие забрана за играње ракомет, кога дел од вашите ракометари покажуваат ташаци кон публиката, се знае што можеш да очекуваш од навивачите. :)
 
Луѓееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее шо се прај , господе
 
Полошо прво полувреме од Металург, одамна немам гледано, ако прокоцкаат 10 разлика..
 
Добро бе луѓе овај Кеџо толку не чини, толкаво дрво е па шо не го клава ни 2 мин. Па Вугринец 5 пати го изблокираја, полувремево дефинитивно најслаб беше.
 
Ако не ги симнат на 2-3 разлика да биде во 22-23 минута ,туку се врти накај 5/6/7 тогаш Пик најверојатно и ќе тепа над 10 разлика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom