Миркуловски, Мојсовски, Прибак и Карачиќ, сите овие играат на иста позиција, ама сите се различни играчи, така да не може да се направи баш некоја споредба.Мојсовски и Прибак може да се каже дека се слични типови на играчи, и двајцата се добри шутери, само можеби првиов подобро знае да се пробие, да направи простор, додека вториов мислам дека е подобар креатор на играта, додека Миркуловски и Карачиќ се сосема различни играчи, Миркуловски знае да направи одличен влез, брз е, подвижен. жилав е човекот, одличен е на контри, не е најдобар шутер и креатор ама одличен е на влез,а одлично знае и да се псотави во одбрана, а Карачиќ е фантастичен креатор, еден од главните играчи на Вардар, предводник на играта, знае да рашири, да направи простор, да додели одлични топки, одлино функционира и со Столе на пикер и со крилата, во СЕХА лига често можев да видам феноменални пасови и на долга дистанца, знае да проигрува, за мене најдобар креатор е од сите овие, а моментално и во најдобра форма е (не велам дека е најдобар од четворицава, сите се квалитет, ама моментално во најдобра форма е) ако продолжи вака ќе стане играчиште.
Сега ви се зголемија шансите за влез во ЛШ, но ќе видиме, со среќа нека ви е, само едно е јасно, следната сезона повторно ќе биде доста интересна на сите полиња.
Одлично е што Вардар не падна и се држеше годиниве додека Металург беше шампион, исто така еве супер е што Металург не се откажува, па ние и покрај тоа што сме шампиони ќе имаме конкуренција следната сезона, ќе гледаме дербиња и два силни рамноправни тима.
Едвај чекам да започне следната сезона
