Фан клуб - РК Металург

Абе не ме заебавај и ти сеа, Омејер не бил тоа што бил ако сакаше да кажеш дека не е во моментов Number 1 можеби не е во таа форма што беше, се виде на фајнл форот али сеуште е меѓу најдобрите 5 голмани во свет и пак може да биде број 1.
--- надополнето: 21 јуни 2013 во 19:37 ---
Се разбрани ли тој ѕвер никој нема да може да не спаси :(


Добро де тоа и ми беше муабетот дека не е веќе најдобриот голман на светот. Топ 10 да, ама за повеќе од тоа ќе треба да се подобри од минатата сезона, а на негова возраст вообичаено надолу оди формата...
 
Добро де тоа и ми беше муабетот дека не е веќе најдобриот голман на светот. Топ 10 да, ама за повеќе од тоа ќе треба да се подобри од минатата сезона, а на негова возраст вообичаено надолу оди формата...

Има 37 годинки :) за голманите викаат како стареат стануваат се подобри
Најголеми успеси на Омејер:
200px-Thierry_Omeyer_resize.jpg
Со екипата на Кил
    • Шампион на Германија: 2007, 2008, 2009, 2010, 2012 и 2013
    • ДХБ Куп: 2007, 2008, 2009, 2011, 2012 и 2013
    • Лига на шампионите: 2007, 2010 и 2012
    • Суперкуп: 2007, 2008, 2011 и 2012
    • Супер Глобе: 2011
    • ЕХФ Трофеј на шампионите: 2007
    • Најдобар ракометар во сезона: 2008/09.
Со Монпелје
    • Шампион на Франција: 2002, 2003, 2004, 2005 и 2006.
    • Куп на Франција: 2001, 2002, 2003, 2005 и 2006.
    • Лига на шампиони: 2003.
    • Лига-куп на Франција: 2004, 2005 и 2006.
    • Најдобар голман на Франција: 2000, 2004 и 2006.
Со репрезентација на Франција: одигра 283 средби
    • Европски шампион: 2006 и 2010.
    • Светски шампион: 2001, 2009 и 2011.
    • Олимписки шампион: 2008 и 2012.
    • Бронза на СП: 2003 и 2005.
    • Бронза на ЕП: 2008
    • Најдобар голман на EП: 2006.
    • Најдобар голман на СП: 2009 и 2011.
    • Играч на годината: 2008.
    • Олстар тим: СП 2001, ЕП 2006, ОИ 2008, СП 2009, СП 2011 и ОИ 2012.
 
Металург - ПИК Сегед
Висла П - Монпеље во полуфиналето
подобро ке беше да се паднат Унгарците со Монпеље вака Металург има потежок пат иако и Плок не се слаби
 
Не е проблем ждребот за турнирот колку што е проблем составот на Металург за следната сезона кој сеуште не е објавен.
Со тимот од пролетва сите три екипи една по друга ќе ги наредиме и со по 5 парчиња ќе ги испратиме :)
Ама сега ќе има ремонт во тимот.
Иначе, денес Ракчевиќ беше забележан на кафе-состанок со двајца од врвот на РК Металург. Што ли било темата? Како да го раскинат договорот без оштета или па ќе го враќаат пак назад?
 
Монпеље бил домаќин на ваков турнир пред две години, лани Висла. Ако успеат да го донесат во Скопје турнирот може да се надеваат, во спротивно со новиот состав многу тешко...
 
Монпеље не беше домаќин на ваков турнир зошто освојуваше титули неколку години со ред и одеше директно во ЛШ....
А Висла минатата сезона не беше домаќин на групата,групата се играше во СТ Рафел Франција,Висла изгуби во полуфинале од ХСВ,ХСВ во финалето со СТ Рафаел победи по продолжение....
Има некоја шанса да се донеси турнирот во Скопје,пред се зошто лани Французите ја организираа групата,па премногу би било повторно да им доделат организација...а и Борис Трајковски нуди најдобри услови,за разлика од салите на Пик Сегед и Висла....
Висла најави редуцирање на буџетот,колку е точно ќе видиме...
Пик Сегед најави подобра екипа за наредната сезона...
Ако ја добијат организацијата Металург имаат голема шанса за пласман во финале каде најверојатно ќе играат со Монпеље...
А и да не добијат верувам во победа над Пик Сегед,па во финале се бива,и Монпеље не е како на времето,иако наредната сезона ќе бидат посилни за неколку играчи(пред се Омејер),сепак еден меч е....
Сепак се зависи од Металург,да видиме со какви вести ќе излезат,време е да објават официјално шо се случува во екипата...
 
ПАВЕЛ АТМАН Е ПРВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ НА МЕТАЛУРГ

26.06.2013 19:28
DSC_0391_resize1-610x218.jpg
za-tekst5.png

Средниот бек на Чеховски Медведи (до крајот на оваа сезона настапуваше во екипата на Динамо Минск), Павел Атман (26), е првото официјално засилување на Металург. Атман потпиша двегодишен договор со нашиот клуб. Атман е еден од најдобрите европски ракометари на позиција среден бек.
Павел Атман: “Иако имав понуди од неколку европски екипи, а некои беа и финансиски подобри, се решив за екипата на Металург, чиј развој го пратам неколку години. Многу сум среќен што потпишавме договор и што ќе настапувам за екипа која постигна одлични резултати во Лигата на шампионите“.
http://www.rkmetalurg.mk/pavel-atman-e-prvoto-zasiluvanje-na-metalurg/
 
Подобро решение за среден бек не можеше да се најде.Фантастичен играч а и трансферот реализиран без претходни шпекулации.Браво,браво!(y)
 
Аууууу трансферот...(y)
Уште еден силен лев бек шутер и ќе имате многу силна прва постава.
Манасков, Мојсовски , Атман, Вугринец, Георгиевски , Марковски.
Браво , браво...
 
Аууууу трансферот...(y)
Уште еден силен лев бек шутер и ќе имате многу силна прва постава.
Манасков, Мојсовски , Атман, Вугринец, Георгиевски , Марковски.
Браво , браво...

Не ги заборавај и овие двајца
9276887E11C07B4DA7C42F6DB43DE920.jpg
 
Ауу, браво! (y) По се изгледа чика Минчо (вака со нова партија сеа :D ) нема да се предаде лесно на Самосенко, и мислам дека ако се продолжи вака во државава ќе ги имаме најпреплатените ракометари во Европа. :D

Иако е на позиција на која Металург е добро покриен (Миркуловски, Додер и Мојсо по потреба) сепак не се пропушта шанса да го доведеш Атман штом ти се укаже прилика. Иако мене лично не ме ипресионирал овој и мислам дека е преценет, но небитно, јако засилување.

Сепак да се види што е со „егзодусот“, ако нема некои потресни заминувања (покрај Ракчевиќ), пласман во ЛШ не ви бега!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom