И јас гледам ракомет и навивам за Металург последниве 2 години но тоа не ме спречува да мислам со сопствената тимба

За да има било кој клуб успех мора да има успешни играчи, македонските се добри некаде до стигнување во нокаут фаза за понатаму требаат инвестиции и странски играчи. Тоа шо се земаат југословени е затоа што ни еден германец не би дошол во Македонија. Инаку и Кил најдобриот ракометен клуб моментално не е составен само од Германци, далеку од тоа.
Абе ние го сфаќаме ова,али ова навијачиве на Металург после секој пораз од Вардар вадат муабет за спрски Вардар,кај ви се македонците во екипата,крстете ја екипата Морава или Сава и слични муабети.....
Сега и кога Металург се наполни со југословени ние тоа им го вадиме низ нос......
Цело време се пуваа како они се македонска екипа,а ние српска/југословенска,а кај се сега кога Металург се наполни со југословени.....
--- надополнето: 2 март 2013 во 23:49 ---
Червар е професор за вадење млади надежни ракометари. Ова што му се случува на хрватскиов ракомет и оваа генерација и претходната што ја имаат хрватите се должи на неговата работа..
Не е еден човек никогаш заслужен......
Цел ланец е тоа што добро функционира таму.Од тренерот на петлињата преку сениорските екипи на клубовите се до селекторот на репрезентацијата.
Хрватска имаше јака екипа во 90тите години,земаа неколку медали и по некое полуфинале и после тоа колабираа.Направија смена на генерација и ги бутнаа Балиќ,Метличиќ,Лацковиќ, Џомба итн.....
Завршија едно првенство последни,но следното веќе земаа злато.
Од тогаш го испопуларизираа додатно ракометот и не дозволија грешката од крајот на 90ти и почетокот на 21 век да им се повтори и цело време ја освежуваат екипата со млади играчи кои се резултат на доброто работење низ целиот младински систем.