Фан клуб - РК Металург

Епа тоа ти го читаш од страницата на Металург и го гледаш на бекстејџ, а јас имам тренирано и познавам од моја генерација едно типче што го прашував како напредува со кариерата (а често е спомнуван како најталентиран...) и разбрав дека и Вујо и Лино се исти гомна и си бараат рекет. Ама по муабетов те насетив дека немаш допирна топка освен интернетов со ракометов, ама влегов во дискусија со тебе ти кажав што како зошто и не ти напишав ти немаш поима , уствари лоша работа со македонштинава е што ако го кажеш тоа не те си попаметен...
Дека странци би ги болело за нашиот ракомет и не е за очекување али вашиот однос и љубомора е во најмала рака чуден.
 
Епа тоа ти го читаш од страницата на Металург и го гледаш на бекстејџ, а јас имам тренирано и познавам од моја генерација едно типче што го прашував како напредува со кариерата (а често е спомнуван како најталентиран...) и разбрав дека и Вујо и Лино се исти гомна и си бараат рекет. Ама по муабетов те насетив дека немаш допирна топка освен интернетов со ракометов, ама влегов во дискусија со тебе ти кажав што како зошто и не ти напишав ти немаш поима , уствари лоша работа со македонштинава е што ако го кажеш тоа не те си попаметен...
Немам појма... затоа несакајќи сум тренирал ракомет до пред некое време.
 
И јас гледам ракомет и навивам за Металург последниве 2 години но тоа не ме спречува да мислам со сопствената тимба:D За да има било кој клуб успех мора да има успешни играчи, македонските се добри некаде до стигнување во нокаут фаза за понатаму требаат инвестиции и странски играчи. Тоа шо се земаат југословени е затоа што ни еден германец не би дошол во Македонија. Инаку и Кил најдобриот ракометен клуб моментално не е составен само од Германци, далеку од тоа.
Абе ние го сфаќаме ова,али ова навијачиве на Металург после секој пораз од Вардар вадат муабет за спрски Вардар,кај ви се македонците во екипата,крстете ја екипата Морава или Сава и слични муабети.....
Сега и кога Металург се наполни со југословени ние тоа им го вадиме низ нос......
Цело време се пуваа како они се македонска екипа,а ние српска/југословенска,а кај се сега кога Металург се наполни со југословени.....
--- надополнето: 2 март 2013 во 23:49 ---
Червар е професор за вадење млади надежни ракометари. Ова што му се случува на хрватскиов ракомет и оваа генерација и претходната што ја имаат хрватите се должи на неговата работа..
Не е еден човек никогаш заслужен......
Цел ланец е тоа што добро функционира таму.Од тренерот на петлињата преку сениорските екипи на клубовите се до селекторот на репрезентацијата.

Хрватска имаше јака екипа во 90тите години,земаа неколку медали и по некое полуфинале и после тоа колабираа.Направија смена на генерација и ги бутнаа Балиќ,Метличиќ,Лацковиќ, Џомба итн.....
Завршија едно првенство последни,но следното веќе земаа злато.
Од тогаш го испопуларизираа додатно ракометот и не дозволија грешката од крајот на 90ти и почетокот на 21 век да им се повтори и цело време ја освежуваат екипата со млади играчи кои се резултат на доброто работење низ целиот младински систем.
 
Абе јас искрено ги сакам и Металург и Вардар, и не сум приврзан за никоја од двете екипи, се нервирав исто кога Металург губеше од Киелце во Лига на Шампиони, се нервирав кога Вардар губеше од Магдебург во ЕХФ Купот, и ќе се нервирам и Овче Поле ако игра во Лига на Шампиони... Единствено сум среќен кога гледам добар ракомет, нормално кога ми играат мои, македонски тимови...:)
 
ПОЧНУВА ПРОДАЖБАТА НА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА ОСМИНАФИНАЛНИОТ НАТПРЕВАР МЕТАЛУРГ – ДИНАМО МИНСК

04.03.2013 22:04
230932_10151089576318869_1673314246_n-610x386.jpg
Ракометниот клуб Металург ја информира македонската јавност дека на ден 06.03.2013 година, среда, почнува продажбата на влезниците за натпреварот Металург – Динамо Минск, за сите оние кои поседуваат сезонски билети за групната фаза од Лига на шампионите. Рокот за промена на сезонските влезници со влезниците за осминафиналната средба против екипата на Динамо Минск почнува да тече в среда (06.03) и трае до сабота (09.03).
Влезниците ќе може да се заменат во продажната мрежа на „КупиКартиЗаСе“ во Скопје и низ Македонија, со приложување на сезонската влезница. Сите влезници кои нема да бидат заменети до сабота (09.03) ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (11.03).
Сите останати влезници од М и Б блоковите во СЦ “Борис Трајковски“ ќе бидат пуштени во продажба в понеделник (11.03.2103 година), со почеток во 17.00 часот. Во истиот термин ќе почне и продажбата на влезниците преку интернет на WWW.RKMETALURG.MK и WWW.KUPIKARTIZASE.COM .
За осминафиналниот натпревар против белорускиот преставник Динамо Минск цените на влезниците ќе бидат следни:
- Блоковите Б7, Б8 и Б9 ќе се продаваат по цена од 200 денари,
- Блоковите Б2, Б3, Б4, Б5, Б6, Б10, Б11, Б12, Б14 и Б15 по цена од 300 денари,
- Блоковите М7, М8 и М9 по цена од 300 денари и
- Блоковите М1, М2, М3, М4, М12 и М15 по цена од 500 денари.

Спортски поздрав,
РК Металург Скопје
 
УСПЕШНО Е ОПЕРИРАН ДЕЈАН МАНАСКОВ

05.03.2013 15:57
manaskov-610x610.jpg
Денеска наутро, во Специјалната болница за ортопедија “Др Немец“ во Матули, во близина на Опатија (Хрватска), успешно е опериран Дејан Манасков.
Извесно време Манасков ќе се рехабилитира во Хрватска, а потоа се враќа во Скопје.
На Дејан му посакуваме брзо закрепнување и враќање во редовите на Металург.
 
Со 2 тим Металург ги гази овие Брест, според мене комотно може да ја освои оваа Сеха лига...
 
Нека трепка.

Македонскиот машки клупски ракомет е пред прагот на својот најголем успех, евентуален пласман на еден македонски клуб меѓу најдобрите осум екипи во светот.
 
Нека му е честито на Живко Мукаетов. Тој на собранието беше поддржан од Металург. Инаку Живко е симпатизер на Металург и на секој меч е присутен на терените. Уште еднаш нека му е со среќа и дај боже и Металург да влезе во осум најдобри за да им ги затне муцките на оние што постојано јадат трици. И со Македонија секако да се оди едно ниво напред само Начевски некако да се исфрли. Тој е пречка и за Лино што нема да стане селектор.

Металург=Кометал. Бренд се гради и долго се памти.
 
Па нели Левче беше поарен, а Мукаетов не чинеше зашто бил предложен од Михајло?! Од каде сега оваа промена во мислењето?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom