Фан клуб - РК Металург

2ро место. Браво. Сега може да очекуваме и 1/4 финале. Утре може и полежерно.
Инаку кога треба да има ждребка и кога ќе треба да се одиграат 1/8 финалните мечеви?
Во Вторник, со Чеховски Медведи,Атлетико Мадрид или Динамо Минск
 
Дали знае дали има сеуште карти за утре и до колку часот работи Југотон ?

П.с Не дај боже Мечките да ни се паднат, Атлетико е ок, а мислам дека најдобра опција ни е Динамо
 
Карти има денес купив ја, Југотон незнам до кога работи а нема ни истакнато на нивната веб страна иначе еве ги преостанатите продажни центри на купи карти за се, а можеш да купиш и електронски од страната на Купи карти за се.
 
Знае некој кај може да се заменат ваучерите за билети купени од нет?
 
Динамо Минск има примамливо име но можеби ги потценувате вие.Со Барса на домашен терен изгуби 2 разлика а на гости со само еден разлика.Барса 1.01 или немаше коефициент на тој натпревар.На Фуксе ги уништија дома,исто и на Пик Сегед.Резултатите во групи им се одлични во тешка група.
Според мене од овие три екипи Атлетико ми изгледа "најслаб".
 
Златна бубамара,најдобар спортски колектив во Македонија. :D

Денес ќе биде забава натпреварот. :)
 
Си играмо играчки со овја:vozbud:,Станич коа му се брани брани:cuc::cuc:.
 
Ау, каква моќна игра на Металург, браво.:cuc:
Одлична игра на Козлина, Вугринец и Станиќ! Во одбрана беа феноменални, во второ полувреме мислам дека примија само 3 или 4 гола.
Имаат доста реални шанси да го поминат и 1/8 финалето, без разлика со кого ќе играат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom