СЕХА-ЛИГАТА КОНЕЧНО ДОБИВА ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР ?
Дали конечно ќе се реши најголемиот проблем на СЕХА-лигата, наоѓање на генерален спонзор, кој ќе ја финансира лигата и ќе ги сноси сите трошоци врзани за ова натпреварување ?
Според зборовите на претседателот на РФМ и потпретседател на СЕХА-лига, Михајло Михајловски, токму тоа наскоро и ќе се случи.
“Со Гаспром ги договоривме сите услови, а за возврат во лигата мораат да се вклучат тимови од Србија, Полска и Унгарија. Српскиот шампион се повлече поради неможноста да ги покрие трошоците, Унгарците и претходно пројавија интерес, а со полските тимови оваа лига дефинитивно ќе добие на квалитет. Од конкуренција ќе отпаднат некои тимови од БиХ, можеби и некоја друга екипа, но најважно е дека ќе се создаде силно натпреварување“, изјави Михајловски.
Лигата би добила и ново име – “Јужен поток“, според проектот што Гаспром го има во земјите на Балканот.
Утврдено е дека фајнал-форот ќе се игра во Скопје, на 13 и 14 април, а ќе присуствуваат и претставници на Гаспром. http://www.rkmetalurg.mk/seha-ligata-konechno-dobiva-generalen-sponzor/
Ако ги исфрлат босанците и ги донесат унгарците и полјаците тоа ќе биде јака лига.