Фан клуб - РК Металург

Од каде може да набавам билет за дуелот со Костанца? Бев во салата „Борис Трајковски“, ми рекоа дека билетарата воопшто не работи. Тобако можеби...?

може од тобако.
 
На победа против Констанца..:)
 
Червар: Со две победи над Констанца сме во осминафиналето (y)
 
^ Па сега му е мајката. Во топ форма сме (освен Марковиќ што забушава малку). После оваа утакмица во четврток се игра на гости со Констанца и последната утакмица од ЛШ во 2011-та е на 3-ти декември со Ст. Петерсбург дома. Јас лично очекувам 3 победи на овие утакмици само малку ме плаши оваа на гости што зошто знаеме како играат нашите тимови на гости.

Еве што изјавиле на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар.
 
Колку е цената за утакмицата утре , и дали има уште карти ??
 
60 ден ми кажаа во Тобако имало бааги...за тоа у Аеродром кај Т.Ц Бисер што е.За другите незнам ама 60 ден е сигурно карта :))
 
Одбраната повторно феноменална а одамна се рекло дека во ракометот посебно одбраната ја носи победата.Станиќ е права зверка, ги тепаме на гости овие и честито 1/8 финале.:Dп.с Наумче ќе се трка со Кире изгледа.;)
 
Червар ја изгледа само пола утакмица. :D
 
Што напраи? И гледам два пати имале тајм-аут Металург, да не е некоја грешка :pos:

Ја се чудам само како до сега не го стегнало срце. :D А е Металург во напад он свртен со грб кон нападот шета како Балтазар лево-десно и мафта со рацете. Ептен ако Металург имаа пасивен напад па тогаш да се сврти да види што се дешава. :D
А за тајм-аутите не приметив искрено..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom