Ај вие што пратите ракомет повеќе од 3 години објаснете ми ве молам од кај дојде Ракчевиќ во Металург? Изгледа вие толку пратите ракомет. Да играше он на времето во Вардар ама си отиде од таму и играше во Колубара една сезона.
Многу е безвезе и не ви држи муабетот дека од Вардар се подмолни, како прво никаде нема официјално дека Вардар сака да го ангажира Станиќ, сакаа летово, Металург си побара голема оштета, што е многу нормално, на Станиќ му понудиле сигурно поголема плата во Вардар, па затоа и сакаше да си оди...Металург погреши што задржаа незадоволен играч во тимот и тоа клучен играч, не мораа на Вардар да го продадат, можеа на друг тим, или пак замена за друг голман, со доплата, секако можеше..Станиќ излезе стварно големо

човекот навистина брани фантстично и сигурно имало интерес за него кај многу клубови, но после ситуацијава, тешко кој би сакал ваков играч, што може во секој момент да му текне да си го лади на терен..Крајно безобразно постапи спрема клубот, играчите и фановите кои му го скандираа името повеќе од Македонците во тимот..Како може Вардар да биде крив за целава ситуација? Шпекулации колку сакаш, Вардар беше заинтересиран за Станиќ и не го криеше тоа, кога Вардар правел подли работи? Или не знаете или со сила замижувате на тоа што го правеше Металург изминативе години а велите за Вардар. Металург може два тима да направи со играчите што ги купи од Вардар, тајни договори, понуди пред решавачки дуели, секогаш гледале кај Вардар дали играчи кои играле за Вардар, дали играчи кои сакале да ги купат.. Ракчевиќ играше 4 сезони ако не се лажам во Вардар, за две сезони го купија Металург и кај Металург помина 4 години..Еве и оваа сезона бевме заинтересирани за Миајтовиќ, за после Металург да го донесе, ако не се лажам и уште некој играч сакаше да донесе за кој Вардар беше заинтересиран..Не е ни битно, само не знам како Вардар се најде одеднаш виновен за ситуацијава со Станиќ, лесно можете да се справите со овој проблем, продажба на Станиќ или покачување на платата, и да имало нешто со Русинов, сигурно не му понудил 10 пати поголема плата од оваа што ја има во моментов во Металург..
Као сакаш речи Вардар ќе ги наполни сеа ако не се средат, и ние шо ги имаме голманиве на Металург на менаџер треба да се снајдеме некако да мењаме...
Од каде тоа дека Вардар би ги наполнил сега Металург

, би требало тесни да бидат двете утакмици поготово првава, каде што нема да има Вардар 2 000 навивачи.. Пак не сте лоши и на голманската позиција Мијатовиќ и Митревски се солидни голмани, а и ние немаме нешто подобро, во моментов можеби Диви е на најдобро ниво кај нас, разликата е поголема на пикерската позиција, на хартија имаме далеку подобри пикери, ама и вие добро изигравте на пикер, ќе видиме дали ќе продолжи добрата партија со Минск, крилата ни се одлични, но и кај вас Манасков солиден, Ојлевски растури последнава, жутиот исто одличен..

Бековите ваши нешто подобри, Мојсо, Атман и Вугринец си газат, кај нас Алекс растура, Прибак, Карачиќ солидни, Растворцев ништо посебно на последниве натпревари...Ако Станиќ не биде во составот, слабост ќе ви тактиката што ја терате, затварње на бековите и оставање простор за крилата, каде што Станиќ владее..Ќе видиме сега колку простор ќе има за нашите бекови и како
ќе се покажат крилата, јас мислам дека ќе биде тесен натпреварот, како што биле сите натпревари меѓу нас последниве години, би требало нијанси да одлучуваат...
П.С. Можеби си неутрален, па немој одма да се буниш за муабетот вас-нас
