Uzivaj, samo ti gledaj sto ke bide sezonava.
Го нема тимот од лани бе друже, замина во неповрат,

сега брзо во СЕХА лига нерешено ви извадивме со новиот втор тим

без Станиќ, Мојсо, Ренато, Ванчо, Никола...
--- надополнето: 26 септември 2013 во 18:32 ---
Нели ќе оди и на операција некаква...
Оди на прегледи дали ќе има операција незнам.
--- надополнето: 26 септември 2013 во 19:03 ---
ЛИНО ЧЕРВАР: “НИЕ НЕМАМЕ ПРАВО НА МНОГУ ГРЕШКИ, АКО САКАМЕ ДА СЕ НАДЕВАМЕ НА УСПЕХ ПРОТИВ ЕКИПАТА НА ПСЖ“
26.09.2013 15:05
Денеска, со почеток во 12 часот, во конгресната сала на СЦ “Борис Трајковски“ се одржа прес-конференција на Металург, по повод претстојниот натпревар од второто коло на Лигата на шампионите, против екипата на Пари Сен Жермен.
Лино Червар и капитенот Наумче Мојсовски ги дадоа своите видувања за саботната средба со атрактивниот тим на ПСЖ.
“Скопје, по Барселона, ќе може да го види и вториот голем противник, екипата на
Пари Сен Жермен. ПСЖ по Копенхаген, кој кратко траеше, е клуб со најголем буџет и со големи инвестиции.
Тој е најбогатиот клуб во историјата на Лигата на шампионите. Ја користам оваа можност да им честитам на сите во Вардар за добрата игра во првото коло на Лигата на шампионите, тоа е добро за македонскиот ракомет. Што се однесува на ПСЖ, мое мислење е дека овој тим, заедно со Барселона, е главниот конкурент за титулата во Лигата на шампионите.Тие во составот имаат тројца олимписки шампиони, потоа, го имаат најдобриот играч во светот, Хансен, како и тројца мои сонародници за кои сум многу врзан, па, сметам дека ПСЖ има дури и поголеми шанси од Барселона во битката за европската круна. Говориме за тим со неверојатно широк играчки кадар
“, вели Червар.
“Тие се апсолутни фаворити, но прашањето е како да им се спротиставиме. На моите играчи им реков – ние немаме право на многу грешки, ако сакаме да бидеме конкурентни во саботниот натпревар. Грешки ќе има, ама да се малку, како во одбраната така и во нападот. Не смееме да дозволиме одбраната да “гине“, а нападот да не функционира. Ако дозволиме премногу грешки, нема да бидеме рамноправни и ќе дојде до израз квалитетот на противникот. Ако, пак, гинеме во одбраната, а во нападот не ги продаваме лесно топките, ако тактички бидеме дисциплинирани – само тогаш можеме да се надеваме на позитивен резултат. Наш голем хендикеп е неиграњето на Миркуловски, а проблем имаме и со Атман, кој се уште тренира под посебен режим и поради тоа не го користевме премногу ниту во Швајцарија. Очекувам силна поддршка од трибините. Ова е голем предизвик, бидејки не се игра секој ден со ПСЖ. Наша најголема предност е во тоа што ние немаме што да загубиме, па притисокот ќе биде врз противникот“
, заклучи Червар.
Слично размислува и нашиот капитен, Наумче Мојсовски:
“Тренерот кажа речиси се и нема потреба да се повторуваме. Имаме огромна почит кон ПСЖ, затоа што се работи за моќен клуб и еден од трите најдобри екипи оваа сезона во Лигата на шампионите. Како капитен можам да ветам дека сите 16 играчи ќе го дадат својот максимум на овој натпревар, бидејќи само така ќе можеме да се носиме со францускиот состав. Мораме да и се оддолжиме на нашата многубројна публика која со години не бодри од трибините“, рече Мојсовски.
--- надополнето: 26 септември 2013 во 19:11 ---
Видео од конференцијата
http://www.sitel.com.mk/node/98308