НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ: ПАМЕТ ЗА ДРУГ ПАТ, ПРОТИВ ПСЖ ЌЕ ОДИМЕ НА ПОБЕДА
21.09.2013 23:35


Наумче Мојсовски на овој натпревар првпат настапи во улога на капитен на Металург во Лигата на шампионите. Мојсовски одигра одлично, капитенски.

“Ова беше нашиот прв меч, па одигравме малку во грч. Игравме квалитетно до 55. минута, но последните пет минути ни дојдоа како опомена. Натпреварот се игра сите 60 минути и мора да се дава максимумот, оти ова е ЛШ. Ум за друг пат. Имаме доста повредени играчи, ни треба малку одмор, а потоа против ПСЖ ќе одиме на два бода. Овој натпревар е еден од најдраматичните средби од Лигата на шампиони на кои сум учествувал“.
