- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.417
- Поени од реакции
- 7.111
Финале со Монпеље со новиов состав (иако целосно е непознат) Металург не може ни на сон да игра. Пратете прво па после коментирајте, екипата е пола расформирана....
Јас не би се согласил баш. Плок е исто така пола расформиран и со преполовен буџет. На Монпелје исто така им заминаа некои од најјаките играчи (Карабатиќ!!!), а и онака завршија само 3ти во првенството далеку зад ПСЖ а многу блиску до воопшто да не обезбедат излез во Европа. Пик Сегед едино би требало да е со сличен квалитет и идната сезона.
Ако си заминат Станиќ, Мојсовски, Вугринец... друга ќе биде приказната. Ама вака од оние 8 главни играчи (прва постава + главниот специјалист за одбрана) досега е потврдено дека заминува само Ракчевиќ и евентуално се шпекулира со Велко Марковски. Засега не изгледа како Металург да нема шанси. Во групната фаза, ако влезат, ќе бидат прегазени без клупа, да. Особено што вообичаено групата каде е екипата со вајлд карта е најтешка. Ама за две утакмици на почетокот на сезоната мислам дека можат и без некоја особена помош од клупата да извадат на високо ниво.