Фан Клуб: РК Макс Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Како што слушнав од клипот Гошев рече дека Мики Пандев е сеуште тренер...

Пак ќе биде комедии значи, Мики Пандев + со тој што глуми тренер и на секоја судиска одлука влегува на пола терен, само што во европско натпревурање ќе изеде таква казна, нема да стапне на терен повеќе.
 
Пак ќе биде комедии значи, Мики Пандев + со тој што глуми тренер и на секоја судиска одлука влегува на пола терен, само што во европско натпревурање ќе изеде таква казна, нема да стапне на терен повеќе.


Тоа е Марјан Андонов тренер на голманите поранешен голман на Југ, Струга, а бранеше и во Пелистер колку што ме држи сеќавањето, а помошник на Мики Пандев е Трендафилов поранешен ракометар...
Само ме чуди се појачија на секоја позиција, а лево крило никаде... Повторно Тренчовски ке игра таму изгледа...

Датум: 04.08.2013, 16:56
РАKОМЕТ - ПОради БЕСПАРИЦАТА ВО БАЊА ЛУKА

МАКЕДОНИЈА СО ТРИ ЕКИПИ ВО СЕХА-ЛИГАТА

6BD2BA93163D454684E6EECA30EA07DB.jpg


Во третата сезона од Регионалната ракометна СЕХА-лига Македонија може да има три екипи, а тоа најмногу ќе зависи од опстанокот на Борац Бања Лука. Босанскиот првак е во долгови од речиси милион евра, нема екипа, нема управа, ниту тренер, и деновиве треба да се направи одбор за спас, кој за две недели мора да најде решение. Во СЕХА-лигата не сакаат толку да чекаат, бидејќи сезоната треба да почне на 7 септември и до средината на август треба да се решат сите проблеми, да се знае кои екипи ќе играат.

Зомимак М од Струмица и битолски Пелистер се споменуваат како имиња на македонските кандидати за пополнување на местото. Но, за истото место ќе конкурира и хрватски Пореч, третопласираниот тим, кој беше зад Загреб и Нексе.

- Ние сме заинтересирани за играње во СЕХА-лигата. Уште пред некој месец кога се очекуваше одговорот од унгарските екипи му кажавме на претседателот на СЕХА, Михајло Михајловски, дека имаме желба и сила да бидеме во тоа друштво. Тогаш се размислуваше ако се појави непарен број екипи во Лигата, да се организира турнир од третопласираните тимови од Македонија, Хрватска и од Србија и победникот да игра во СЕХА-лигата - вели Славче Гошев, претседателот на струмичани.

Во СЕХА-лигата има правило да играат најдобрите од домашните првенства, а Зомимак сезонава беше третопласиран, зад Вардар и Металург. Затоа и поверојатно е ако постои шанса, тие да добијат покана за играње.

- Ние сме подготвени за предизвикот. Имаме и подлога што би ја добиле од РФМ, сала, подготвен тим и сигурно би се засилиле со уште некој играч. Но, прво да добиеме покана. Заинтересирани сме и нема да ја пропуштиме шансата ако ни се укаже - вели Гошев.

Идејата за вклучување на Пелистер во СЕХА-лигата е стара и најмногу се турка поради името и традицијата на битолчани на овие простори. Проблем е што тие последниве сезони немаат позабележителни резултати, кубурат со финансии и квалитетни играчи. Сега се чека одговор од Силјан Мицевски, дали ќе прифати да се врати, но веројатно времето е кратко да се направи силна екипа со која ќе може да се конкурира и во СЕХА-лигата.


Во првите две сезони на СЕХА-лигата македонските екипи, Вардар и Металург двапати играа на фајналфор-турнирот, „црвено-црните“ победија првата сезона во Загреб, а сега загубија во финалето од хрватскиот првак. Металург две сезони е во европскиот ракометен крем, што драстично го подигна рејтингот на македонските екипи на овие простори.

Зомимак М првпат се избори за играње во европските купови, се засили со неколку играчи, а ланската сезона го направи првенството поинтересно откако ремизира дома со Вардар, по што скопјани мораа да запнат за да ја освојат титулата.

Сезонава во СЕХА-лигата повторно ќе играат и екипи од Србија - Војводина и Партизан, од Хрватска - Загреб и Нексе, од Црна Гора - Ловќен, од Белорусија - Мешков и од Словачка - Татран Прешов. Борац Бања Лука е планиран, но засега е во проблеми до гуша.

Горан Антевски


http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=24AC8555CC111240A135F8E2FFE198EC
 
Тоа е Марјан Андонов тренер на голманите поранешен голман на Југ, Струга, а бранеше и во Пелистер колку што ме држи сеќавањето, а помошник на Мики Пандев е Трендафилов поранешен ракометар...
Само ме чуди се појачија на секоја позиција, а лево крило никаде... Повторно Тренчовски ке игра таму изгледа...
 
Мите е тука...тии денови треба да се знаа дали ќе потпише...
На левата крилна позиција се враќа Зоран Шалевски...миналта сезона беше повреден...
Треба да дојде и голман од Вардар на позајмица...Дали Чаневски дали Даскаловски...еден од тии двујца ке дојде
 

РК Струмица

пред 34 минути

НОВО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО ЕКИПАТА НА ‪#‎РКСТРУМИЦА‬.

МИТЕ КАРАИВАНОВ СТАНА "РИС".

Мите Караиванов кој има настапувано за екипите на HC Vardar PRO, HC Pelister и неговата последна дестинација беше во Грција во клубот Diomidis Argous.

Од денес Мите Караиванов им се приклучи на струмичките рисови. Нека му е со среќа.

996570_635496986468543_2076729272_n.jpg



ООд фејсбук страната на РК Струмица
 
Топ екипа напрај Струмица,браво...(y)
П.С.
Дали Нахас има право да игра во Европа?(зошто јас разбрав дека нема)...:unsure:
 
kubanec1%20golema.jpg

Кубанецот Јант потпиша за Зомимак
Екипа Прва лига
08.10.2013 08:45



Тимот на Зомимак М продолжува со ангажман на нови ракометари, во обид да создаде што посилен тим за домашното првенство, но исто така и за европското деби и двомечот со израелскиот прволигаш Макаби. По доведувањето на поранешниот македонски репрезентативец Раде Стојановиќ, струмичани се засилија со уште еден искусен ракометар, 38-годишниот кубански интернационалец Луис Енрике Јант Санчез. Станува збор за ракометар со богато искуство кој во својат акариера настапувал за Кантабрија (Шпанија), Иври (Франција), Спортинг Лисабон (Португалија) и Газета (Италија). Луиз Енрике Јант Санчес или скратено Јант настапува на позицијата десен бек и со својата корпулентност (198см, 115 кг) ќе претставува одлично засилување за тимот на Зомимак М.

Покрај Јант, тренерот на Зомимак на позицијата десен бек на располагање ги има српскиот интернационалец Милосавлевиќ и повратникот од Грција, Караиванов, па станува јасно дека повторно ќе почекаме да го видиме на нашите терени Либанецот Кходор Нахас. Тој летово потпиша договор, но се чини не успеа навреме да ја извади работната дозвола, која само за потсетување беше пречка Нахас пред неколку сезони да заигра за Пелистер.

С.Стоиков
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=20902

Топ екипа напрај Струмица,браво...(y)
П.С.
Дали Нахас има право да игра во Европа?(зошто јас разбрав дека нема)...:unsure:

За Нахас се зборува дека проблем била работната дозвола
Инаку на фејсбук страната стоеше уште поодамна ова

Ходор Нахас од Либан е и официјално нов играч на РК Струмица ЗОМИМАК-М


970234_611708632180712_2147452506_n.jpg
 
Прочитав некаде за Ходор Нахас, дека имал суспензија од една година поради наркотици.
 
ТРОЈЦА СТРАНСКИ МУСКЕТАРИ“ ЗА ГРУПА ВО ЕХФ КУПОТ

http://tip.com.mk/trojca-stranski-musketari/

"...Кубанецот не е единственото странско засилување во редовите на струмичани. Французинот Даниел Ривет кој ќе биде новиот организатор на играта на струмичани, додека Ходор Нахас од Либија кој игра на позиција десен бек..."
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom