Ајде денес Џејмс го извадија асистенциите. Чоече пас не може да погоди, дуел не може да издржи. Во последниов период цела четворка Роналдо, Бензема, Бејл и Џејмс е за никаде. Ниту еден од нив не е во форма. Сите забушаваат, со ситни исклучоци. Еве денес на крајот проработеа тројца од овие и победивме. Мора да ја вратат што поскоро константноста и да се консолидираат во наредниве месец дена, до почетокот на ЛШ. Модрич нека се враќа што поскоро, иначе ја оплескавме работата.
Дефинитивно составов најдобро ќе функционира со Крос, Модриќ, Иско и Џејмс во средина, во класична 4-4-2 формација, со Бејл прва замена. Мораме и играч од клупа да имаме. Нема кој да го промени ритамот, никој не е толку влијателен, со оглед на тоа што Хесе сеуште не може да се пронајде. Или па Иско, кој ни е најдобар играч во овој блед Реал.
Анчелоти нека се фати за работа, имаат сеа и повеќе одмор, има простор и за ротации и нека ја темпира формава за финишот.